Search This Blog

Thursday, November 22, 2007

Интернет трка ... и во МК ... конечно ...

Овој напис го пишувам по вторпат ... при крај на написот при ставање на линк записот отиде во непознат правец ... Уф, колку се нервирав ... Еднаш пишана мисла никојпат неможеш да ја пофториш ... Но, ај од почеток во скратена верзија се разбира:

Поради зголемената конкуренција ни се случува пад на цените на интернет пристапот со едновремено зголемување на квалитетот ... барем теоретски ... Одкако МТ сфати дека до поголем број на корисници мора да дојде преку намалена цена на интернет пристапот ... има резултати на зглоемување на бројот на интернет корисниците кај самиот МТ и кај сите останати кои се во перманентна трка за што поголем колач од интернет корисници ...

МТ по повеќе од година ипол ги послуша скоро сите наши совети (од Интернет Македонија - кои беспари му ги дававме во нашите средби и написи ... Но тогаш Атила не попушти ...) МТ конечно го подигна квалитетот на интернетот во однос на брзината а ги намали и цените ... Сето тоа го пратат и кабелските провајдери кои се всушност најзаслужни за паѓање на цените и подигање на квалитетот. Третиот играч Он.Нет истотака даде сериозно подобрени понуди (останатите провајдери се изгубија во трката ... МОЛ и УНЕТ...)...

Новите корисници мора да внимаваат што подпишуваат при вклучувањето на договорите за интернет пристапот ... особено на она што пишува со мнооооогу мали букви ... На така наречената клаузула за верност ... околу две години најчесто ... на цената која најчесто неоправдано се изразува без ДДВ (што е и противзаконски ...) ... и на други ситни детали ... Договориве кои ги прават Интернет провајдерите не се во целост усогласени со Законот за електронски комуникации и со другите наши закони ... но АЕК како по обичај не реагира ...

Внимавајте што Ви се дешава по надминување на лимитот од два, четири или десет гига ... Во услови на огромна понуда на Интернет гигабајтите се трошат брзо ... а потоа цените на провајдерите се солени ... и да не се деси децата повторно да си ги тепаме како некојпат поради долгите разговори на телефон ...

Вистински интернет е само делумно неограничениот интернет (тотално неограничен е илузија ...) и се разбира бродбенд интернет ... Треба дефинитивно да се исфрли од употреба дајл-ап конекцијата ... Одамна и ВиФи конекцијата е само теорија ... не задоволува потребите де ...

Кај сите провајдери имаме нестабилна конекција ... веројатно што сите користат иста цевка за интернет ... цевката стана тесна ... особено кога некој од провајдерите ке доживува напад на ДНС серверите (а тоа често ни се случува ....)... Секако имаме и несериозно слаба техничка подршка кај сите интернт провајдери ... Државата треба да интервенира во носење на појака надворешна врска на итернет (да го изгради костурот ...)... а внатрешно да остави интернетот да го регулира пазарот ...

Од Вајмаксот не очекувам ништо ... закаснивме со стартот ... повторно благодарејки на АЕК ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter