Search This Blog

Thursday, November 15, 2007

Компјутери ... студенти ... ваучери ... Влада ...

Оваа Влада уште од стартот на своето работење спроведува континуирана политика во областа на копјутеризација и дигитализација на МК ... Да не ги спомнувам другите мерки - ке се задржам само на ваучерите ...

Во низата на потези следеше акцијата ваучер од 200 (12.300 денари) евра за секој студент кој се запишува во последната година на сите регистрирани МК факултети ...

Владата преку соодветните Министерства подготви закон за оваа тематика и го даде на усвојување во Собранието ... (Закон за доделување на ваучери) ... Донесе и Упатство за начинот и постапката на издавање и користење на ваучери ... Отвори Сајт на владата на РМ ... во кој се појаснува која е целта на овој гест на Владата ...

Но заради крутата бројка на доделени ваучери од 10.000 која испадна неточна се створија проблеми при поделбата на ваучерите ... за тоа повеќе пишував во постот Прв дојден - прв натепан ... компјутери ... ваучери ... Поради разни причини не беше дадена целосната бројка на студентите и се створија гужви и незадовлства кај студентите ... особено изразено на Правниот факултет во Скопје ...

Се створи и разлика во тумачење што се подразбира под “компјутер“ - дали е тоа само куќиштето или мора да се купува и монитор во пакет ... Студентите бараа да можат да купуваат само компоненти за тие двеста евра ... Владата даде упатство до сите дека под поимот компјутер подразбира Лаптоп или куќиште со одредена минимална конфигурација + монитор ... Не можеше да се купи само куќиште туку мора и монитор во пакет да оди ...

На крај Владата на една од последните седници пробува да најде средина во сите барања и носи одлука на Влада да се зголеми бројот на Ваучерите до оној број до кој сите запишани студенти во последната година од студирање ке добијат ваучери ... сеедно дали се работи за три четири или пет годишен циклус ... и го дефинира поимот компјутер дека тоа мора да биде целосно куќиште но не мора да се купува и монитор ... Сето тоа го упати до Собранието кое на првата седница ке донесе измеа на “Законот за ваучери“ и по објавувањето во Службен лист ке се доделат преостанатите ваучери со дообјаснување на поимот “компјутер“ ... т.е. дека може да се купи само куќиште а не мора во пакет да оди и монитор ...

Со ова Владата кажа дека не е важно кој згрешил важно е да се исполни намерата на Владата сите студенти за кои е наменета субвенцијата да добијат ваучери ... а средствата со тоа да бидат употребени во правец на зголемување на бројот на компјутерите и воодно се заложи за квалитет на компјутерите ... бидејки даде насока за минималната конфигурација ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter