Search This Blog

Tuesday, November 06, 2007

Владата преку ОГЛАС бара кадри ...

Многу ретко читам весници во печатена форма ... но ете денска читајки го Време дојдов до интересен ОГЛАС од Владата на РМ т.е. од Заменик-претседателот на Владата на РМ за економски прашања Зоран Ставревски ...

Еве дел од содржината:

Со цел мобилизирање на најдобрите капацитети на државата, подготвени за темелна посветеност, недвосмислен ангажман и силна залошба за реализација на амбициозните економски реформи, КАБИНЕТОТ НА м-р ЗОРАН СТАВРЕВСКИ - ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА ЗАДОЛЖЕН ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА има интерес за ангажирање на високо мотивирани кандидати од повеќе области, кои поседуваат и веруваат во сопствениот висок капацитет, поготвени за предизвици во периодот на спроведување на значајни реформи во земјата.

Од кандидатите се бара да имаат високо образование од областа на економијата, правото, меѓународните односи, комуникација со физички и правни лица и со медиуми.

Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават мотивационо писмо, лична биографија (CV), препораки, уверенија за познавање на странски јазици и фотографија.

vlada oglas (Large).jpg

1 comment:

Photo Volan said...

Искрајно до сега немав сретнато ваков оглас во кој Владата бара советници ... можеби имало и другпат но не сум видел ...

Помислив прво дека ова е само дел од кампањата во која Владата се обраќа на народот и бара идеи ... опозицијата веројатно неверно ке врти со главата и ке каже еве уште еден популистички потез ...

Би сакал да верувам дека Владата најискрајно бара советници од народот ... без разлика на политичката припадност на луѓето ... бидејки делот дека сите имаат еднакви шанси не е случајно подвлечен ... И Боцевски сегашниот портпарол на Владата до скора не припаѓаше на партијата на власт ... Дури ни самиот Зоран Ставревски до скора не беше член на партијата на власт ...

Се менува ли конечно нешто во работата на администрацијата ... значи ли ова департизација и поставување на вистински луѓе на вистинско место ...

Верувам ке дознаеме наскоро ...

Blog Archive

Site Meter