Search This Blog

Friday, November 23, 2007

Машко писмо ... Никола Костески ... Ѓурѓа ... Или Или ...

Masko pismo cela korica.jpg

ЛИЧНА ПОКАНА
Драг блог-пријателе, задоволство ми е да те поканам на промоцијата на книгата МАШКО ПИСМО, инспирирана од мојот блог www.prodavnica natajni.blog.mк. Ќе бидам радосен ако ме почестиш со своето присуство, особено што во книгата си застапен со свои коментари кои си ги оставил под моите текстови. Со тоа си, на извесен начин, коавтор на МАШКО ПИСМО.
Книгата ќе ја промовира доајенот на македонската блог-сцена, Ивица Боцевски.
Промоцијата ќе се одржи на 22 ноември 2007 година (четврток), во Книжарницата ИЛИ-ИЛИ, во МАЛА СТАНИЦА, во 19 часот.
Организатори на промоцијата се македонските издавачи ИЛИ-ИЛИ и ЃУРЃА.
Срдечно!
Никола Костески

Авторот преку својот блог имасше упатено и отворена покана до поширока МК блог сцена ...

Голем дел од повиканите беа сношти на промоцијата ... се надевам убаво си поминаа во промоција на книгата воопшто и посебно на МК блог ... кој е се повеќе присатен во МК јавност и си го завзема местото како медиум во подем ...

Ветив дека де дојдам заедно со мојот фотоапарат и дека ке направам мала фото сторија од промоција на книгата.

Masko pismo 1 (Large).jpg

Културниот центар Мала станица и книжарницата Или Или прераснаа во вистински мал храм на промоција на културни случувања во Скопје. Добро осмислен простор за вакви презентации каде се слави пишаниот збор ... Не пречека љубезниот домаќин ... се подсетивме како изгледа промоција на книга во било кој дел на светот ... Го замоливме авторот одкако си ги купивме книгите да не почести со лична посвета ... Самата книга ја купивме веројатно по промотивна цена од 100 денари. Книга е со одлично и професионално изработен омот. Соодветна ангажирана фотографија за насловната страница и уште повкусно специјално изработена кесичка за книгата ...

Masko pismo 2 (Large).jpg
Авторот видно се израдува на присаството на најмладите ...
Masko pismo 3 (Large).jpg
Позади секој успешен маж стои успешна жена ...
Таа е царица на општеството.
Принцеза на друштвото.
Столб на семејството.
Таа е пријател и сопатник.
Но, и љубовница.
Masko pismo 4 (Large).jpg
Бидејки “отварачот“ Ивица Боцевски задоцни поради оправдани причини ... воведен збор даде пријателот на авторот доаенот на МК глумечка сцена Славко Нинов ...

Блогерајот е новиот бран. Бранот што бучи.
Него го сочинува најдоброто од Македонија.
И кога сите рекламни агенции од Македонија би се собрале на едно место, не би се досетиле на толку убави слогани какви што се прекарите на блогерите и имињата на нивните блогови.
Најголемите книжевни таленти во Македонија се блогери на блогерајов (не проверувај, тоа е аксиома!).
Од него ќе се изнедрат и првите новинарски пера на македонските весници.
Кој не бил блогер, нема да биде ни новинар!
За десет години Македонија ќе ја раководат бивши блогери. Сегашниве
.

PB220262 (Large).JPG
Видно беше присатна блог популацијата од средната и постарата генерација ... фалеа помладите ... тие се изгледа ептен срамежливи ... или не аубат ваков начин на презентација на блогот ...
Промоцијата заврши со мал пригоден коктел на самото место ... продолжи од другата страна во кафиќот ... за да заврши со не баш мала журка во станот на еден блогер ...
Неколку мои збора за самата нига ... Фали а можеби и не пропратно ЦД со книгата за да биде проектот мултимедијален ...
Книгата сама по себе е вистинска афирмација за МК блог сцена и пооделни блогери ... се надевам дека Никола Костески ке снајде сила и нема да застране тука ... дека ке има и втора книга - овојпат можеби со избор од текстови на повеќе блогери или одделно представување на некој друг блогер ...
Всушност, МАШКО ПИСМО е збирка од дваесетина текстови објавени на мојот блог ПРОДАВНИЦА НА ТАЈНИ, проследени со избор од коментарите што читателите, вообичаено, ги оставаат под текстот.

No comments:

Blog Archive

Site Meter