Search This Blog

Wednesday, November 28, 2007

Новинари на одстрел ... Ирак ...

Познато е дека новинарството е една од најризичните професии ... Често врз слободните новинари се вршат разни притисоци ... да пишуваат или да престанат да пишуваат за нешто ... Се прашувам дали е можно тоа да се стори и со блогерите ?? ... Друго прашање е колку во наша МК има слободни новинари и слободни медиуми ?? ...

Но ова што се случи со еден новинар во Багдад ... е грозоморно ... имено убиени му се 11 члена од неговото семејство ... На што се‘ се спремни болните умови е стравично ...

“...четворица вооружени мажи ја нападнале семејната куќа на новинарот Диа ал Кауаз во Багдад и ги убила сите кои биле во неа - двете мои сестри, нивните мажи и седумте деца од пет до 10 години...“

Од Багдад имам убави спомени ... живеев повеќе од три години во него ... едното дете ми е зачнато на жешкото багдатско сонце ... Имам преку 200 авионски летови до Багдад ... Имам извозено преку 300.000 километри низ Ирак ... Жалам за сите страдалници од тоа подрачје - чија главна несреќа испаднаа богатите нафтени извори ...

Кругот на омразата меѓу различните нации и вери кои живеат во Ирак е толку голем што се друго осем воена управа во период од десетина години е апсурд ... Се злоупотребува демократијата ... Во Ирак царува олигархијата и странските мултинационални компании ... Во Ирак царува анархијата и омразата ... кругот никако да се затвори ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter