Search This Blog

Wednesday, November 14, 2007

Двојно државјанство ... амбасадори ... политичар ... државен службеник ...

Читам денеска дека ке се одповикуваат дваица амбасадори од Хаг и Берн ...

Амбасадорката во Холандија Добринка Тасковска ... која беше натепана во Амбасадата во Хаг ... опоменате дека не си ја врши добро работата ... која долго време се држеше на консултации во Македонија ... можеби сеуште. Владата ке бара од Председателот да се повлече предвреме оваа Амбасадорка поради лошо менаџирање на меѓучовечките односи ... тепачот “шоферот“ (испадна дека не е шофер туку некој друг вработен во амбасадата) - чинам (шпекулирам ...) сеуште си е во амбасадата ... По се изгледа не е важно што си во амбасадата шофер, чиновник или Амбасадор ... битко е која е моменталната партија на власт т.е. чив следбеник си ... на партијата на власт или на опозицијата ... Типично партзирање на сите сфери од државниот апарат ... Амбасадорите и Амбасадите треба да се место каде сите вработени треба да се исклучително професионален кадар ... тие се огледало на државата ... Чинам дека и овој случај на враќање на оваа Амбасадорка ке биде влезен во некој следен извештај на ЕУ како еклатантен пример на партизирање на администрацијата ...

Се сеќава ли некој дека во америчката администрација заради промена на партијата на власт е вратен предвреме некој САД Амбасадор ... јас не се сеќавам за таков случај ... сеедно кажете пример за Германија, Англија, Франција ...

Вториоот предлог за враќање на Амбасадор од Берн за господинот Ибраими е поинтересен за мене заради поентата која сакам да ја направам со постов ... Ибраими се бара да се врати поради двојното државјанство ... (Македонија и официјално од Швајцарија добила потврда дека Ибрахими поседува швајцарско државјанство, што автоматски го прави неподобен за извршување на дипломатска функција во име на Македонија.)

Што правиме со безбројните примери на луѓе политичари во МК кои завземаат важни места во Собранието, во Владиниот апарат ... а се со двојно државјанство ... Нема ли тука конфликт на интереси ... Чива држава застапува да речеме Љ.Георгиевски кога на ретките седници каде е присутен како пратеник во МК Парламент ... нашата или Бугарската ...

Или сеедно - условно земено да речеме, Заменик Министер за Полиција или Одбрана е двоен државјанин на МК и на Албанија ... чиии интереси тој/таа ке штити ...

Ова е апсурд кој не е забранет со нашите закони ... тоа мора под итно да се промени ... неможе странски државјани да седат на осетливи места и да ја представуваат МК ... да ги “штитат“ нивните интереси ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter