Search This Blog

Thursday, November 22, 2007

Спикерот со мобилен на седница ... криза во редовите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ...

Спикерот е обвинет од Јани Макрадули дека несоодветно се однесува ... т.е. додека води седница разговара на мобилен ... демек „Георгиевски е во постојана комуникација со Мартин Протугер - шеф на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, и ниту еден потег не прави самостојно. Тоа не е никаква тајна, тој гласно зборува и пратениците можат да го слушнат разговорот“,
Демек се шушка дека Спикерот се понудил сам да си даде оставка ако е потребно ... но добил стоодстотна подршка од Владко Ѓорчев ... Спикерот најавува дека секојапат кога ке има помалку од 61 пратеник (кворум ...) ке ја прекинува седницата ... До сега се бараше кворум само за почеток на седница и при гласање ... Во останатото време - сеницата оди скоро во празна сала ... Пратениците (додека трае седницата) повеќе милуваат да седат по кабинетите или во пратеничкиот ресторан ... (Овој ресторан беше прогласен од многумина - за еден од рестораните во кај се дава бесплатна храна ... цените биле толку ниски) ...
Се‘ се врти некако со познатиот проблем за тивкиот бојкот на пратениците ... Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наводно се поделени во две струи, една предводена од Силвана Бонева шефицата на пратеничката група, а друга групацијата околу Влатко Ѓорчев и Оливер Шамбевски.
Нивните недоразбирања кулминирале завчера по пресот на ВМРО-ДПМНЕ, кога портпаролот Александар Бичиклиски обвини дека „Собранието не може да обезбеди кворум, бидејќи опозицијата одбива да влезе во салата поради новиот начин на рефундирање на патните трошоци, според кој пратениците, покрај патен налог, треба да постават и фискална сметка од патарина“. Според неофицијални информации, по завршувањето на собраниската седница имало координација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, од која Бонева, наводно, излегла со плачење.
Што од сето ова е вистина а што шпекулација ??!.

No comments:

Blog Archive

Site Meter