Search This Blog

Monday, December 03, 2007

Пиеме нафта ...

Сликата “http://i111.photobucket.com/albums/n155/woona/plakatganerpalaszaweb.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Вуна, Анти и одредена група на млади луѓе се обединети во едно неформално движење - кое се залага за повлекување на нашите војници од Ирак ... Демек, ние со нашите војници сме окупаторска војска на туѓа територија ...
Сношти се прикажа филмот “Gunner Palace”, и потоа имаше дискусија околу македонското учество во ирачката војна и војна воопшто.
ne oieme nafta (Large).jpg

За самоиот настан ... Бидејки по некоја случајност дел од мојот живот го проведов во Ирак (бајаги верме ... имам над стотина авионски лета до Багдад) што ми дава за право - да мислам дека познавам некои детали од животот на ирачаните ...), појдов да го видам филмот а и да опипам во живо за што се работи ...

На кратко - тренирање демократија на група млади луѓе ... Едно е сигурно сите што беа таму вклучувајки ме и мене се пацифистички расположени и се против секаква војна ... Овие млади луѓе по седмата или осмата ротација на нашите војници го дигаат гласот против нашето учество во мисијата на нашите војници - која има звучно име “Слобода за Ирак“ ...

Се разви дискусија во правец зошто се нашите војници тему ... отворено се кажа дека ние од нашиот буџет ги плаќаме и дека се тие специјални единици, кои под полна воена готовност се во првите редови и се во допир со “војната“ која таму се случува ...

Пробав на кратко да го објаснам моето видување - дека во моментот во Ирак по инвазијата на сојузниците предводени од САД ... сега се случува “војна“ по два основа ...

Една “војна“ се води меѓу таканречените “окупатори“ ... кои себе се прогласија за “ослободители на ирачкиот народ“ ... и ирачките герилци (има многу и платеници ...) кои финасирани од бившите власти во Ирак и особено од Осамабинладовата идеја ... користат секаква можност да убијат било кој ... сеедно дали е тоа САД или било кој војник од коалицијата ... дали се тоа локалната војска и полиција ... луѓето од медиумите од целиот свет ... луѓето кои се представници на Обединетите Нации и Црвениот Крст ... мажи, жени, деца кои шетаат по пазарите или одат во служба во верските објекти ... Значи, за нив легитимна цел се сите ... користејки самоубици ... имаат голема ефикасност во убивањето ... бројките се огромни ... Користат киднапирања на било кого ... И оние што работат на обновата во Ирак се нивни “легитимни цели“ - како и нашата група несреќно настрадани кумановчани ...

Друга војна - не помалку крвава, се води помеѓу трите ентитети кои живеат во Ирак ... Курдите ... Сунитите и Шиитите ... (Граѓанска војна - со сите дефиниции за граѓанска војна ...). Курдите и Шиитите угнетувани од Сунитите под власта на Садамовата солдатеска - сега користат можност да се одмаздат на Сунитите ... Успут тераат варијанта да приграбат дел од Ирачката територија и преку разноразни начини и варијанти прогласат свои држави ... Шиитите се помагани и од Иран ... Можна е и поделба на Ирак на три дела ...

На сите им е јасно зошто е војната во Ирак ... НАФТАТА ... Нафтата, навистина не се пие ... но како моментално најупотребуваниот енергенс - кога сме сведоци на огормни ценовни потреси (зголемување на цената ...), од зголемената побарувачка на нафта ... САД нафтата одавна ја прогласија за стратешки национален интерес ... Навлегувајки во Ирак со образложение дека треба да се уништи моќниот Ирачки арсенал на биолошко оружје (кое патем не се најде на лице место ...) и да се смени од власт режимот на Хусеин, кој беше прогласен како еден од Оските на злото ... (Ирак, Авганистан, Иран и Северна Кореја ...). Да се подсетиме само Хусен во повеќе наврати е подржуван од администрацијата на САД. Како впрочем Бин Ладен и Милошевиќ ...

Македонија не учествуваше во инвазијата врз Ирак, туку се приклучи во мисијата на “одржување на мирот“ ... Една чета наши специјалци во предходните мисии вршеше обука на локалната војска и полиција ... Живее и делува во Таџи ... Одвреме навреме врши претреси на локалните куќи во Таџи во потрага по обележени луѓе ... Таџи е поранешно мирно место - на педесетина километри јужно од Багдад ... Место каде беа стационирани најголемите тенковски единици на Ирак и повеќе фабрики за воена индустрија ... дел од нив никојпат не проработеа ... Место покрај делтата на Тигар ... Да не е прогласено за воена област би било идеално место за плантажа на банани и сочни земјоделски продукти ... зарзават ...

Пробав да појаснам дека нашите војници во Ирак се само имиџ на САД и другите поголеми сојузници - дека толку и толку земји ја подржуваат “акцијата“ во Ирак ... Дека поради малата бројност им се доверуваат задачи, кои до сега не содржеа голем ризик ... Што не значи дека си тие таму за да садат цвеќе ... И да се за садење цвеќе, тие се сепак цел на Бинладовата солдатеска ... Дека би било добро да се вратат - но во овој моент на политичкото миље на МК пред зачленувањето во НАТО нашите политички авторитети нема никојпат да се согласат да го сменат единствениот став на сите партии, дека зачленувањето во НАТО е стратешка цел ... Ангажманот на нашите војници во Ирак и Авганистан се само средство, со кои ние ги истакнуваме нашите аспирации кој НАТО ... Одтаму и едногласната одлука во Собранието на сите партии од позицијата и опозицијата ...

Имаше други мислења - дека оваа акција е прилично закаснета ... се разгорува во особено незгоден момент пред можното добивање покана за прием во НАТО ...

За самиот филм немам што да кажам ... ако се земе фактот дека е снимен 2004 година - и дека поради тоа ја има изгубено актуелноста ... Сметам дека секој просечен режисер може од исти снимки да направи подршка на ангажманот на војниците или да ја омоловажи таа акција ... како што беше во овој случај ... сецкајки рецкајки и монтажирајки ...

Ме подсети само на Палатата - која во време додека бев таму сијаше од далеку ... Во една прилика од невнимание свртев накај влазот ... Ме дочека вод од десетина војници со репетирани пушки ... смрзнав од страф ...

Ирак како и секој народ кој е во перманентна војна е навлезен длабоко во една граѓанска војна - од која нема крај ... Има само одмазди и контраодмазди ... Кругот на војната никојпат не е затворен во Ирак ...

Што е спас за Ирак ... Десетгодишна јака воена управа за да се смират страстите ... Воена управа но од самите Ирачани ... Но во услови на етнички поделби и нивни различни интереси ... граѓанската војна во Ирак нема уште долго да заврши ... “Контролираната криза“ ке трае долго во Ирак ... за жал ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter