Search This Blog

Sunday, December 30, 2007

Игри околу Воена болница ... повторно ...

Воена болница е маркантен објект на убава локација. Пред некој ден снемало струја во делот на кардиохиругијата на Жан Митрев - Филип Втори ...

Во помош за спасување на животите пристигна пола Влада на чело со Премиерот. Министерот за здравство даде изјава дека ке се истражува кој е крив што снемало струја. Првиот струјаџија Чинговски - магионичарски за неколку минути “донел“ струја ... Од таблата со осигурачи во која на повеќето од фазите имало струја премостил на фазите што немало струја ... Сега се очекува кривична пријава - зошто некој го оставил Филип Втори без струја ... Се‘ ова ми личи на некаква игра , во која ке настрадаа пациентите ... Драмата траела неколку сати ...

Жан Митрев драматично изјави дека нема да оперира додека не се среди случајот и не се види кој е крив ... Ги откажал сите закажани операции и препорачува итните случаи да се оперираат во странство ...

Кој тоа таму се игра и зошто ... што е позадината ??

Во транзицијата - која никако да заврши се изнагледавме разни игри по различни сценарија ... страдаше само народот кој остана без работа и сигурност ... профитираа само политичарите - нашите најголеми звезди во транзицијата.

No comments:

Blog Archive

Site Meter