Search This Blog

Thursday, December 13, 2007

Врата !!

Врата ко секоја врата - служи за да влезеш по дома ... да затвориш да не дува промаја ... да пречекаш гости ... вообичаено до врата ги испраќаш гостите ... Вратата е значаен дел од нашиот живот ... За симболиката на вратата може да пишиваме доста ...

Си велите што има интересно во поимот врата ... па сите секојдневно отвараме и затвараме врати ... Често ни ги залупуваат или ние некому залупуваме врата ...

Ај, да одам на приказната. Сношти во еден саатот по полноќ се вративме со синот дома. Тој отиде порано а јас барав паркинг пет минути. Се качувам дома влегувам низ врата и да затворам ... ми пропадна кваката ... Веднаш знаев што се случи ... Вратата ке мора да се обие ... Но како да обијам врата од внатре. Врата се обива од надвор ... “Мае гери“ три четири пати ... малку рамо и моите 0.15 тона ке свршеа работа ... Си велам како од внатре.

Прашав прво сите ли се по дома. Гледам по некое чудо сите беа дома ... Обично децата знаат да заглават и до сабајле ... Ок, велам има ли некој што треба рано наутро да излегува ... одкога дознав дека сите имаат работа дури поручек ... се ослободив ... Кој ке лупа во два саат ноќе или сеедно во 6 саат наутро ... Ке разбудам цела града ...

Ја студирав вратата, и правев план како да ја отворам. Бидејки знаев од искуство дека е одштрафено јазичето од вратата, знаев дека нема теорија да ја отворам вратата со било каква интерненција околу бравата ... Ке мораше да правам решето од вратата ... Одкога погледав во алатот по дома - дека немам никаков електричен алат по дома, ниту било каков чук ... Се ми е во дуќанот и во колата ... и работилницата (столарско браварска ...)... Се решив да ги сечам шарките со бонсек ... По некоја случајност останал бонсек по дома ... Господ се смилувал , останал бонсек по дома ...

Си легнав во три но се пробудив во пет ... Таков ми е биоритамот ... кога имам проблем а тој зависи од мене неможам да спијам ... Чекав да стане сопругата ... Пиевме кафе и со бонсек ги исеков шарките ... Сега сум во потрага по нови шилдови (шарки) и брава ... Но барем излегов од дома ...

Случкава е бизарна и вистински смешна ... но се случува ... Машкиот дел од блогерајов кој чепка по дома ке разбере што мака имав ...

Најтешко е да обиеш расипана врата ... :)

1 comment:

Biceps Brachii said...

Имате интересен блог.
Ќе навраќам почесто.

Поздрав,
DeeJay

Blog Archive

Site Meter