Search This Blog

Tuesday, December 18, 2007

Македонскифронт ... makedonskifront

Македонија полека но сигурно се движи кон својата пропаст.

Македонскиот народ дефинитувно “аутистички“ е подготвен да ја прифати пресудата да се самопоништи, а кубурата ќе ја чуваме за не дај боже.

Поставна на климави столбови независна Македонија, што најдобро се илустрира преку двосмисленото референдумско прашање (за жал и денеска сеуште сум во дилема дали нашава национално неосознаена маса воопшто сакаше своја држава, имајќи во предвид дека сите партии од ткн лев блок беа про-Југословенски, а тие го имаа мнозинството од гласачкото тело), преку инсталирањето на Југословенските кадри од типот на Киро Глигоров, Денко Малевски и компанија кои го одолговлекуваа монетарното осамостојување на државата и нејзиното меѓународно признавање,

Македонија е речиси нокаутирана (иако цело време нашиве пералници на мозоци, ткн независни соросоидни медиуми и интелектуалци не убедуваат дека ние цело време победуваме, а сите битки ги изгубивме).

Фразите за неменување на името пласирани од југо-комунисичката ткн интелегенција деновиве, звучат смешно со оглед дека уште во 1994 година истото беше сменето од Глигоров, Црвенковски, фрчковски, Андов.

Се откажавме од идентитетот, од знамето (не познавам друг пример во историјата, една држава да сменила знаме под притисок на друга), од нашите малцинства и прифативме да преговараме за името ( а се знае дека самиот факт што преговараш значи дека си подготвен на компромис).

Денеска корифеите на промените истапуваат со тезите: “Да го видам тој маж, што ќе му соопшти на народов дека му е сменето името“. За жал истото одамна е сменето само што во класичен педерско комунистички стил, користејќи ги своите перални, на национално неосвестената маса тоа јавно не се соопштува.

Следеше потоа увозот на 400000 Косовари за потребите на Кирчо во 1994 година, кои што трајно ја изместија демографската рамнотежа во земјата, па грабеж на општественото богатство и создавање на цинцаро-комунистичка аналционална партиска олигархија која сеуште владее со земјава преку капиталот, судството и обвинителството, инсталирање на еднопартиска дикататура во која секаков излив на

Македонско национално чувство се сметаше за најголема опасност за еднооокиот комунистички диктатор.Па 1999 година и инсталирањето на Трајковски за ткн претседател, па се до 2001 година, предавството, рамковниот договор, коалиција со терористите и последната шанса за Македонците наречена референдум во 2004 година (референдумот пропадна затоа што несовестената маса се радуваше што САД не признаа под уставното име, што за кратко време ќе се покаже дека беше само за еднократна употреба и заради тоа што луѓето -ако можам така да ги наречам- се исплашија за своите 150 евра плата).

За тоа време како втора опција ни беше понудена партијата креирана од УДБА и СДБ, преполна со кодоши и агенти на странски служби, која што во секое време можеше да биде контролирана и дискредитирана (Богдановски, Георгиевски, Стефковски, Димовска, Змејковски и плејада други ликови не беа ништо друго освен марионети).

Денеска еден од тие предавници на Македонскот национално дело, во меѓувреме добро нафатиран од ткн бизнис зделки до цигари и од ОКТА (не ми е јасно зашто славниот Хари Потер не го упаси само него, сите настрадаа освен нивниот најолем “душман“), Љубчо не повикуваа да прифатиме друго име и историја од 7 век (нешто што наводно неговиот непомирлив непријател Глигоров го изјави во далечната 1994 година.)

Се појавуваат и еминентни пера од подрумот на СДБ како Геро кој што повикуваат на компримис (тие мајстори на трансформацијата сеуште суверено владеат со медиумскиот простор- се сеќавам на трансформацијата на неговите ставови на дневна база од жестока пресметка со терористите, до уставот мора да се промени, за следниот ден да говори про-рамковно и антиреферендумски). Тука ни се проверените експерти од правен факултет, Малевски, Фрчковски, па Сашенце, Чашуле и слични кој што 17 година не носат од пораз во пораз, а масата молчи.

Македонскиот народ никаде го нема. МПЦ се скрила во мечкина дупка, посветена целосно на развој на бизнисот, а МАНУ не се ни јавува. А песочниот саат полека истекува, се чини дека Господ бог нема ни за илјада години да им даде повеќе шанси на МАКЕДОНЦИТЕ, ќе остане само споменот на еден народ и една земја ...

Овој коментар го добив од такаречи анонимен коментатор на мојот блог ... кој се подпишал како makedonskifront ... на мојот пост за
“Игри без граници“ ... околу нашето име ...

Линкот на коментарот не води никаде ... значи анонимен ...

Интересн тези поставил коментаторот ... вакви муабети храбро се водат по кафеани и берберници ... но јавно не се баш чести ...

Го поставив на блогот како пост - за евентуално да се развие муабет за тезите и контратезите ...

Од мене има само нови редови, подвлекување и болдирање ... Има и неколку јазични грешки но поради автентичност го оставив некорегиран ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter