Search This Blog

Saturday, January 26, 2008

ЊУ-ДИЛ во Македонија ... Галасам за МК ЊУ-ДИЛ

Може ли во Македонија да се направи ЊУ-ДИЛ ??
И треба ли на Македонија ЊУ-ДИЛ ??
Дали е МК економија во криза и рецесија ??
Дали МК има задоволителна стапка на вработеност ??
Дали во МК имаме висока стапка на сиромаштија ??
И требаат ли на МК инестиции во поголем обем ??

Светската економија во последниов период е во страшна рецесија што се одразува преку драстичниот пад на берзите ... и најсилната светска економија на САД е во рецесија ... Администрацијата на САД е загрижена и реши да започне таканаречен нов ЊУ-ДИЛ преку пумпање во еконоијата на некави 150 милијарди долари ... усвојување долгорочен стимулативен план за изградба на патишта, јавни објекти, училишта и домови. Стигнаа и предлози за формирање федерална служба која би требало да им помага на граѓаните да ги финансираат кредитите за нивните домови.

Ако ова и треба на најсилната светска економија незнам зошто не би ни требало и на нас - земја која никако да искочи од спиралата на падот на сите економски параметри ... особено падот на вработувањето и зголемувањето на степенот на сиромаштијата ... преку истотака изградба на наши патишта, школи, мостови, пруги и се што подразбира МК ЊУ-ДИЛ ... Ке речете па не сме сега на праг на избори како во САД па да ги залажуваме избирачите ...

Но едноставно МК нема друга шанса ... Зошто ова не се прави и во МК ?? ... нека одговори власта и подзаспаните Политички партии на Позицијата и Опозициата - на кои како да им е важно - само да ја практикуват власта и да чекаат нови избори каде позицијата ке биде казнета па тие пак да си седнат во фотењите ... по принципот на Мурто и Курто ...

Ако приметивте еден од условите што ке ги добиеме од ЕУ за нашето ЕУ интегрирање е намалување на невработеноста ...

Галасам за МК ЊУ-ДИЛ - како единсрвен излез ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter