Search This Blog

Saturday, January 19, 2008

Мамо, мамо - сакам да сум советник ...

Kolaz - sednica na parlament so brdo materijali ... (Large).jpg

Пред некој ден во постот Службено возило и шофер ... ги броев кои се државни службеници се со право на возило и шофер ... На крајот на текстот одеше:

Некојпат кога ке ги прашавте децата што сакаат да бидат кога ке пораснат ... велеа: пилот, шофер, полицаец, поштар, балерина, учител, поп, фудбалер ... или незнам што ... Сега верувам дека децата велат дека сакаат да бидат политичари, пратеници ...

Очито ги заборавив советниците по општините - кои секојдневно си изгласуваат нови привилегии за своето работење ...

По пробивањето на ледот на Пратениците во Собранието на РМ ... кои протуркаа амандман кога се носеше буџетот да лапнат Лап-топови ... за да не бидат покуси и советниците по општините си изгласуваат исто право ... еве почна од советот на Општина Карпуш ...

Советниците од Општина Карпош од вчера се компјутеризирани. Сите 23 членови на Советот добија лаптоп компјутери од марката АЦЦЕР (еден компјутер чини околу 500 евра) кои ќе ги користат до крајот на својот мандат.

Некојпат за нова година се делеа пенкала и тефтери, до пред некоја година мобилните беа во мода ... но еве одиме напред сега Лап-топ е во мода ... Сега дали знаат да се служат со нив и имаат ли потреба од нив ке видиме ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter