Search This Blog

Thursday, February 14, 2008

На народот дај му игри и забава и ке биде среќен, а ти ќе владееш вечно ...

Уште едне пост од мој читател - кој повеќе љуби да постави пост на мојот блог ... одколку да си отвори свој ...


Волан пак јас. Не кажувам сега ништо за ниедна држава за да пак не ме извадат од контекс. Арно ама она другото што ти го напишав еве се потврдува и во овој пост.
Старото римско правило на народот дај му игри и забава и ке биде среќен а ти ќе владееш вечно оваа влада го практицира до максимум.
- Спектакуларни намалувања на даноци, цени, зголемувања на плати, пари за земјоделците а за другите работи кој треба да ја држат рамнотежата во сврзани садови молк и штури одбрани од такви контиња.
- Да буџетот е сврзан сад. Од една страна го празниш од друга го полниш. Само има една аномалија. Страна која го празни не се знае која е. Може дел да оди за народот дел за во малиот џеб. па дел за поголемиот и така натака. Па зар е Грујо помалку паметен од Љубчо па да се нафатира помалку.
- А другата страна се знае која е. НАРОДОТ. Тој ќе го полни секогаш буџетот. Нека некој пресмета колку се зголемил буџетот преку ДДВ на зголемените цени на сите производи. Па тоа што владата го намалила е само мал дел од зголемениот приход по основ на ДДВ.
- А овој данок што сега го воведува не е ништо друго него турски данок од пред петстотини години кога се земало од сите ист дел од приносите. Контето не заработило ниту еден денар во животот инаку ке знаеше дека и фирми без добивка се добри, зашто најмалку заработеле да ги покријат трошоците на работењето, да дадат плати, да платат арач на неговото незнање и не останало ништо. И што тука има лошо. Ама знаеш како било и во турско, а на агата му било малку земал колку што сака. Е такво е и нашево конте, мора да има за државата. Ако нема добивка не мора ни плата да зема ама 15% за него да има.
- И тоа е проблем генерален на оваа влада. Кога очекуваш дека дошле млади луѓе на власт, луѓе за кој сметаш дека видиците им се пошироки, демек интернет генерација. Не морале ни кило леб да заработат ама знаењето на цел свет го собрале.
- Како дете кога ја читав Водачот од Радоје Доманович ми беше смешно, како тоа еден цел народ се навлекол по еден слепец, како тоа еден цел народ е слеп на една таква превара. За жал денес гледам дека Домановиќ бил визионер, знаел дека народот секогаш ќе биде слеп и секогаш ке има водачи кој слепо ке ги водат а овие слепо ке ги слушаат. А кога ке дојдеме на ивица на пропаста, опа нови избори и пак во круг.

И додека народот не ја прочита Водачот, не ја свати поентата на таа книга, вакви контиња ке ни кажуваат што значи фирма, бизнис, преживување.

И уште нешто нека ни објасни контето или Грујо. Нафтата пред драстичното поскапување беше некаде 30 долари за барел, а доларот беше 1.34 према еврото или во евра 40,2 евра за барел. Денес нафтата е 90 долара за барел а односот долар евро 1,4 или 54 евра. И сега нека ми објаснат како и зашто цената на бензините толку се качи Имам една слика со споредба на цените на бензините во цел свет. Во долари е и цената е за галон значи за отпрлика 4,5 литри. И ке видиш Македонија во плафон цената.

Е од тоа дрпаат контињата Груињата и сите кој се до таа канта со мед.

Предпоставувам дека се работи за еконоист кој има своја фирма и се плаши отворено да си ги каже маките на својот блог - па ја користи мојата воља и мојот блог да си ги каже маките и сознанијата ... мислењето де ... Испаѓа дека постот е инспириран од неколкуте мои економски написи и особено од серијалот од написи за новиот Данок на вкупен приход ... кој за првпат се воведува во нашата даночна пракса ... и кој веројатно ке падне на уставен суд заради противуставните компоненти кои се содржани во тој нов Данок поради двата основа - Ретроактивноста и Нерамноправната полошба на субјектите ...

Вакви дописи до мојот блог ке подржувам и понатака - чинам дека е ова убава и нова пракса на фид бег блогирањето ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter