Search This Blog

Thursday, February 28, 2008

НАТО и Србија ...

НАТО ја бомбардираше Србија ... урна многу мостови ... доста фабрики ... возови беа мета ... почна да го распаѓа и електроенергетскиот систем на Србија ... се беше тоа “легитимна цел“ на бомбардирање ... колатерална штета беа многу цивиллни објекти и населени места ... многу цивилни животи ... со децении Србите ке страдаат од канцерогени заболувања - кои се директна последица на таканаречените паметни бомби обогатени со сиромашен ураниум ... НАТО фрлаше и касетни бомби ... многу од нив сеуште не се деактивирани ...

Оној кој даде директна наредба за старт на НАТО бомбардирање Хавиер Солана ... тогашен предводник на НАТО ... сега е ЕУ миротворец кој преговара со Србија ... Чест гостин ни е и во Македонија ...

Србија во поново време повторно ги зајакнува врските со сега веќе многу помоќната Русија ... подпиша многу договори за влез на руски капитал во Србија ... Го подпиша и енергетскиот договор со Русија ...

НАТО гледајки го сето ова како да се спрема на Србија да и понуди членство во НАТО во замена за прекин на договорите со Русија - особено на оние во кои се предвидува разместување на “рускиот ракетен штит“ ... во ова светло не е случајно градењето на супер модерна воена база во близината на МК и Косовска граница - таканаречен Србски Бонстил ...

Не е случајно и тоа што ЕУ со Србија најпрв почна со преговори за укинување на визниот режим ... На Србија се повеќе и се пружа морков ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter