Search This Blog

Sunday, February 10, 2008

Избори се ближат ... Избори се ближат ...

Грижата за рејтингот е вообичаена работа за политичките партии и политичарите ... заради рејтингот ... се дотеруваат ... се шминкаат ... не подлажуваат ...

Иако МК интернет сцена е депласирана во однос на светската и европската интернет сцена каде веќе десетици години е важна присутноста на сите на интернет ... каде сите се обраќаат на електоратот - за да добијат фидбек ... дали се на прав пат и да корегираат нешто во својот однос ... Во Македонија поради премалата интернет пенетрација на вистинските корисници на бродбенд интернет (особено на оние кои интернет користат од дома ..), сеуште е запоставена интернет сцената ... немаме места каде политичарите како единки и Политичките партии - комуницираат со народот ...

Во МК интернет сцена се присутни таканаречени “интернет војници“ кои отворено или полуотворено спамираат свои подржувачки содржини и го омаловажуваат спротивниот табор ... Ваквиве спамери веднаш се лепат за било каква политичка содржина и зависно од нивната определба се борат за својата идеја ... често се и груби ... вулгарни ... не прифаќаат аргументи ... повторуваат исти фрази ...

Сите забораваат дека просечниот интернет корисник не е глуп ... дека е над вообичаениот интелектуален просек на народот ... дека према овој електорат мора да употребат други методи на обраќање - за да го придобијат ...

Ако навистина се приближуваат избори - ке имаме се повеќе вакви вкрстени размени на мислења ... кои се повеќе ке наликуваат на предизборни кампањи ...

- ГРУЕВСКИ - работи на својот рејтинг
- РЕЗУЛТАТИ И АНКЕТИ
- ЦЕНЗУРАНА „Во центар“ - „Досие премиер“ на Канал 5
- ИНТЕРПЕЛАЦИЈА

1 comment:

Anonymous said...

Па Волан, после долго време еве ме повторно на блогерската сцена. И порано а веројатно и сега ке предизвикам буица на негодување кога се однесува на нашите ни полтичари.
Епа сега е ред на Груевски. Ученик на CDU очигледно исто како и Санадер па ако ги гледаш вестите на Нова или ХТВ после два месеца имаш реприза во Македонија. Само има една голема разлика, Санадер се бори да ја зачува Хрватска цела и да ја внесе во ЕУ, а кај нашиот ни Груевски очигледна е намерата да ја подели Македонија. Резултатите му се една голема нула. Намалени даноци од добивка, зголемени цени и пак пополнет буџет. 100000 компјутери за училиштата, се кладам дека нема ниту еден кој работи. Инвестиција од 9 милиони за Џонсон контролс а ако застанете на влезот во бесцаринската зона најверојатно нема ни 10 вработени кој влегуваат преку ден таму. Направија отварање со 4 машини кој не работеа и со празна сала за производство, демек ние сме глупавите и не гледаме дека ништо не се произведува. Вице премиер кој од Брисел не ИЗЛАЖА без срам и утре дента мува не го лази си тера понатака. И не знам до каде да набројувам, од една страна спектакуларно му дава на народот а од друга страна педерски му собира уште повеќе од џебот.
И постојано на секоја замерка од било кого против напад. Значи нема одговор ни за Неготино, ни за Докич, ни за милион други прашање туку на истите со напад а вие што правевте. И народот како народ ОВЦА. Му верува се наситува и рејтингот му расте.
Кога ке се разбудиме и ке видиме дека се прави една приватна држаава, која полека се преместува кон исток, со центар во Штип. Аеродром во Штип, универзитет во Штип ова во Штип она во Штип. Значи идниот центар на Македонија се сели во Штип. не затоа што потеклото му е од таму туку затоа што не моше да го задржи Скопје, така да полека полека Албанците ке си го добијат тоа што го сакаат, Груевеки ке си ја добе својата кнежевина во источна Македонија во која суверено ке си владе доживотно потпомогнат од кланот на Мијалкови, дури и вечниот студент пред некој ден на телевизија не опомена дали ние знаеме кој бил Јордан Мијалков, и која е неговата сестра.
Само е прашање на ден, значи не збориваме за години , кога и владата ке се прсели во Штип и кога ке почне да владее фамилијата а да се укине владата која и сега како и парламентот е само играна серија за фамилијата.
Штета е само за овој народ, кој во суштина е многу добар ама и со векови многу глуп. не си го трошњл мозокот па така со него владеел кој ке стигне. Ама сега веќе дојде до дното и стана заложник на една фашистичка идеа за стварање на приватна држава. За жал толку сме блиску до тоа да веќе ќе биде тешко и да се смени тоа.
Толку за сега Волан. Ке пратам и ке одговорам на секој контра пост на овој.
Оние кој ке контрираат ги молам за не губме време и простор да зборуваме аргументирано, не како владата да ми одговарате а вие што направивте, вие крадевте повеќе итн итн.

ЈАС СУМ РОДЕН ЈУГОСЛОВЕН И КЕ УМРАМ КАКО ЈУГОСЛОВЕН, ТАКА ДА БЕ СУМ НИ ВМРО, НИ СДСМ , НИ ДУИ НИ ДПА. МОЈАТА ДРЖАВА ЈА УБИЈА КАКО ШТО ЈА УБИВААТ И ОВАА ЗА ДА СТВОРАТ СВОЈА ПРИВАТНА. ЗАТОА ЗАБОРАВЕТЕ НА ЕТЕКИТИРАЊЕ.


поздрав

Blog Archive

Site Meter