Search This Blog

Saturday, March 08, 2008

Бугаризирање на МК студенти кои студираат во БГ универзитети ...

Со децении се случува бугаризирање на МК студенти кои студираат во БГ универзитети ... Нашите студенти не се приморани тоа да го прават - туку од причини што така студирањето им е поефтино ... смештајтајот истотака ... уште на почетокот прифаќаат релативно многу лесно и своеволно да бидат бугаризирани преку потпишување на лист хартија, со која изјавуваат - дека се по потекло од мајка и татко Бугари со БГ корени и дека самите имаат БГ чувства ...

Ова истото се прави и со луѓето кои бараат БГ пасоши ... тие велат од еконоски и практични причини ... БГ држава тврди - заради изразеното чувство дека се Бугари ...

Оваа година драстично се намалил интерестот за студирањето на БГ универзитети ... во минатите години бројката се движела на ниво на 1400 студенти годишно а годинава бројката е намалена на 200 МК студенти, кои студираат во БГ универзитети ...

Зголемувањето на цените за студирање во БГ ... цените на смештајот и исхраната и другите трошоци ... како и проблемите со отежнатата постапка за вадење на БГ виза ги одвраќа студентите од Македонија да студираат во Бугарија ... Секако и отварањето на неколку приватни универзитети во МК каде сега студирањето е поефтино се причини да се намали бројката ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter