Search This Blog

Thursday, March 27, 2008

Блогери Писатели ...

И македонските блогери доживуваат да им се печатат блоговите ... На Македонската блог сцена имаме многу поети, прозаисти, колумнисти ... значи книжевното крило на МК блог сцена е многу јако и претставено е од млади поети и писатели кои преку интернет објавување на своите дела гледаат шанса за брз пробив на релативно затворената МК книжевна сцена ... каде царуваат постарите писатели ...

** Оваа практика започна со објавувањето на дел од поезијата на ВЕНЕРА - Вероника Костадинова ... poezija ... Poetry ...

Сликата “http://www.geocities.com/bukarski/nike2.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки. koricata.jpg

** Потоа имавме печатење на книга на блогерот Букарски со „Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ ... во издание на Темплум.

Сликата “http://www.mia.com.mk/AlbumApp/13307668n.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

** Потоа следуваше “Машко писмо“ ... Никола Костески ... Ѓурѓа ...

http://prodavnicanatajni.blog.com.mk/system/files?file=Masko%20pismo%20cela%20korica.jpg

** По оваа книга на Никола Костески - на сите им стана јасно дека меѓу блогерите има многу квалитетни раскажувачи ... писатели де ... поети ... и само беше прашање на време кога ке се доживее следното издание на укоричен блог запис ...

- Герсанина ... на својот блог има материјал за МК бесцелер ...
- МАКЕДОНСКИ БЛОГ ПРИКАЗНИ ...
- “ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА МК КНИЖЕВНОСТ“ ...

** Издавачката куќа Ѓурѓа изјави дека има капацитет од две до три книги годишно да посвети на пооделни блогери ... и ги прогласи и своите фаворити ...

ВОЛШЕБНО ОСВЕЖУВАЊЕ ОД ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА
БУЛЕВАР НА ЈОРГОВАНИТЕ без број
ТАЛЕНТИ И МОДЕЛИ
SNESKO COOL

** „Писателот Варски и други раскази“ од Дуле Варваринот ...

** За да издавачката куќа „Аквариус пет“ - објави дека има испечатено 14 книги ...

Мртвите херои на нашата иднина Археолошки дневник

No friends no family Авгански дневници

Последниот македонски хакер Патот на душите

Од Cabaret до Oz Мисли на празно срце

Пуфлините коцкички Не е сè како што изгледа

Антиблог за Филип Петровски Мајмунска стапица

Светлата страна на готиката Кога нема ништо

Политички коментари, поезија, проза, теми од секојдневието и од актуелните општествени случувања на четиринаесетте најекспонираните македонски блогери се објавени во печатена формата од издавачката куќа „Аквариус пет“ од Скопје, а ќе бидат промовирани утре, во библиотеката „Браќа Миладиновци“ од 14 часот.

Обемноста на изданијата се движи од 60 до120 страници. Едицијата ги вклучува изборите од блоговите на:

- Рибаро (раскази) ,
- С. Ц. (раскази) ,
- Бунка (раскази и лични видувања) ,
- Филип Петровски (лични видувања на тема политика) ,
- Ана Пејчинова (патописи поврзани со Авганистан) ,
- Кими (лични видувања на секојдневни теми) ,
- Крофна (раскази) ,
- Арвена (археолошки теми) ,
- Виолетова (раскази и лични видувања на разни теми) ,
- Кристал Кастл (раскази) ,
- Бездомна (поезија во проза) ,
- Струмјан (раскази) ,
- Оги Синко (раскази) и на
- Џаман (раскази и лични видувања на општествени теми) .

Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми, кој заедно со Сашо Мацановски - Трендо ќе ги претстави изданијата,

** Последна книга во најава е книгата на Алена ... Фемгерила де “Оргазмични писма“ ...

Сликата “http://i70.photobucket.com/albums/i106/iogcirkus/alena.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Како и да е младите книжевни пера ја искористија шансата што им ја пружа интернетот да си ги промовираат своите квалитети ... верувајте на интернет има уше многу таленти кои ја чекаат наредната шанса ...

Со овој пост им честитам на сите за нивните први книги ... а првата љубов секојпат вечно се памети ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter