Search This Blog

Friday, March 07, 2008

БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... трет пат - ист кадар ...

Повод да го повторам овој пост ми е намалување за половина на цената на квадрат за дворните места ... со што деновиве се пофали Владата ни ... Не е спорно дека во капиталистички систем како што сме сега треба да се решаваат прашањата на сопственоста на земјиштето на кое е изградена твојата куќа или стан ... но народот е се посиромав а државата се побогата ... буџетите секоја година се се‘ поголеми ...

Спорно во сето ова е што сега - ако немаш пари да си го одкупиш дворот ке следи рента (нешто како кирија која ке треба да ја плаќаш на државата ...) ... луѓе уште воздухот што го дишеме е бесплатен ... за се‘ друго мора да платиме ... ова важи како за куќите со дворните места така и за колективното домување т.е. становите ...

Ова е моделот на нашата држава - по совет на кредиторите, ММФ и Сведската банка ... кои само се трудат да ни утрапат некој кредит .. Се секираат како и кога ке им го вратиме ... а од друга страна не држат во изолација ...

Повеќе од 15 години платите на вработените стагнираат - додека цените на јавните давачки (струја, вода, телефон, парно ...) се со режим на слободно формирање на цени - по пазарни услови...

Безмилосно се уништија сите големи економски системи во кои беше народот вработен ... (процес на неправедна и криминална приватизација ...). Најголем работодавач во државата стана самата држава која успеја неколку пати да го зголеми буџетот - и да створи“ ламја партиска администрација“ (која впрочем мизерно ја плаќа...) ... Сето ова ја турна економијата на колена и имаме повеќе од децениско паѓање на економијата ... Се продаваа монополски бизниси - кои ја дотолчија економијата - цицајки колку си сакаат ...

Во сиот тој процес на полнење на буџет пред некоја година се измисли модел како да се соберат пари од дворните места ... Имено во минатите системи кога се градеа бараките по населбите ... се продаваа само бараките а земјиштето беше така наречено “Општествено“ ... Луѓето си ги платија бараките но земјиштето остана државно ... “Мудрите“ творци на полначи на буџетот - измислија модел да се одкупи градежното земјиште ... или да бидеш кираџија на него и да плаќаш кирија ... Секако кирија ке платиш и кога ке го купиш - ке ти опнат данок на имот ... и сликај се ... Сето тоа би било во ред ако народот е запослен и има барем пола од европските плати ... Нашите плати се десет пати помали од европските а цените за прехрана и комуналии ни се исти ...

Заборава некој дека си има проблем со триесетпроцентна невработеност ... а и оние што работат а поготово пензионерите неможат со својата плата, пензија - да опстанат ... да протераат од први до први ... Абе луѓе, политичари, прошетајте меѓу народот ... нели Груевски Ве советуваше за тоа ... не ги прашувајте за меѓународната политика ... прашајте ги како живеаат ... тераат ли од први до први ... Оставете го народот да ја преживее транзицијата ... помогнете му ... направите услови за вработување ... здравство ... школство ... Направете некаков мини Њу Дил ... Отворете процес на големи јавни работи - каде ке се запосли голем дел од невработените ... За тоа ако треба земете и кредити ... ке се исплатат на подолг рок ... Вака кредитите претежно ги користиме за “од шупљо у празно“ ... нема новосоздадена вредност ...

“Трансформацијата“ ги јаде парите ... таа не сјеба ... Трансформирајте ги транссформаторите ... судете ги - за досегашните неуспеси и бесмилосното трошење на нашите заеднички пари ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter