Search This Blog

Monday, March 10, 2008

Автомобилот и сиромаштијата ...

Во последните 20 години тотално се смени ситуацијата - кој вози кола и кои коли се возат ... и да, кога се возат ...

Колата за просечното семејство стана луксуз ... така пензионерите, стечајците и невработените ни во сон веќе не возат коли ... дуќанџиите и тие се во криза со појавата на големите маркети ... едвај ги одржуваат своите возила ... Низ градот се гледаат само бесни коли од новопечените богаташи и шемаџии (деца на новопечените богаташи, МК олигархија ... транзиционите профитери ... а да, и политичките елити ...) ... тука ги додавам и оние кои работат по пазарите на отворено - на кои колата им е неопходна - им служи како магацин и за набавка на роба ... нивните коли се се постари ... и нив бизнисот им е во криза ...

Ваквата разлика на корисниците во раслоените класи се гледа и на бензинските пумпи ... пумпаџиите велат дека најчесто бензин се става за 200 денари ако се работи за понелуксузните коли ... а само бесните коли и џипови го полнат резервоарот до крај ...

Да не заборавиме дека одлуката да не се вози кола е секако и поради големиот трошок при регистрацијата на колите ... во просек по двесе евра ... ако на тоа се додаде тековното одржување на колите ... особено постарите модели кое на годишно ниво знае да изнесува и повеќе од 300 евра ... возењето на коли за среената класа (која во МК веќе и ја нема ...) е луксуз ...

- БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... трет пат - ист кадар ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter