Search This Blog

Monday, May 12, 2008

Што ветува “Сонце“ ... НАТО и ЕУ ...

Еве да има противтежа на предходниот пост - го гледав краткиот спот каде Шекеринска кажува дека, кога таа/тие беа на власт ја довеле Македонија пред вратите на ЕУ ... дека на предходната Влада и преостанало само уште еден “чекор“ (не случајно е спомнат зборот “чекор“ ...) за да зачекориме во НАТО и ЕУ ... но ете иако било просто и едноставно минатата Влада не успеала да го изоди тој “едноставен“ чекор ... и вети одејки кон нас дека ако и ја дадеме довербата на овие избори - таа веднаш (во еден чекор ... не кажувајки како ...) ке не внесе во ЕУ и НАТО ...

Но кога позади неа почнаа да стојат/излегуваат познатите фаци од 17 годишната македонска транзиција ... веднаш ми се смачи - го изгубив чувството дека со тие фаци позади Шекеринска ке оди така лесно ... ако беше така лесно со нив - одавна ке славевме неколкугодишно присаство на Македонија во ЕУ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter