Search This Blog

Thursday, June 05, 2008

На авионот на Владата на РМ и е забрането слетување во Грција ...

Од радио слушнав, на на Нетпрес најдов потврда дека авионот на Владата на РМ не добил дозвола за прелет и слетување во Атина ...

Заради ваквата одлука на Владата во Грција Прдседателот Црвенковски го откажа учеството на Самитот на шефови на држави на југоисточна Европа, кој ќе се одржи на 13 јуни 2008 година во Атина ...

Кабинетот на претседателот за ваквата одлука на грчките власти бил известен од Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, при што од истата биле понудени други начини за пристигнување на претседателот Црвенковски во Атина, а кои биле неприфатливи за Кабинетот на претседателот. Причините за недозволеното слетување на владиниот авион биле идентични со причините кои грчките власти ги посочиле и на приватната авиокомпанија МАТ, чии прелети беа забранети во Грција.

... според претседателот Црвенковски, оваа одлука на Владата на Грција е спротивна на меѓународните норми и принципи и не придонесува во развојот на добрососедските односи и на заложбите за споделување на заеднички европски и демократски вредности.


Црвенковски не е добредојден во Грција ако патува со МАТ
НетПрес - Објавена на 05.06.2008 10:47:39

** Од претседателството на Грција испратиле известување до македонскиот претседател дека тој не е добредојден на претстојниот Форум во Атина, ако патува со авион на македонскиот авиотранспортер МАТ, објавува денеска весникот Елевтерос Типос во текст под наслов “Вето“ од Папуљас за Црвенковски.
** На Форумот ќе учествуваат лидерите од регионот, а тој се спроведува на секои две години.

No comments:

Blog Archive

Site Meter