Search This Blog

Tuesday, July 29, 2008

Ценовен удар ...

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/A6B47B366E9CAC48A118888A4AD0DA68.jpg
Една карикатура вреди за целиот текст ...
Нема потреба од многу зборови и текст, авторот на карикатурата убаво прикажал ... ке треба некако да го избегнеме ценовниот удар ... во спротивно ке бидеме самчкани како шлепер жабата што ке ја смачка ако ја начека на автопат ... но како ...
Македонецот е докажан вистински уметник како да се преживее со просечна плата, од која се покрива само потрошувачката кошничка ... за струја, парно и другите комуналии нема ... нема ни за образование иако е задолжително и неопходно ... и затоа дел од граѓаните не ги плаќаат комуналиите ... оние кои работат (среќлиите ...) некако и тераат, невработените што ли прават ... пензионерите како тераат ... ситните стопанственици и земјоделци како ли преживуваат ... до кога ке издржат ... Може да се случи и многу други излезот да го побараат во некоја нива и колипка и да живеат како МК Робинзон Крусо (како извесен прилепчанец, кој втора година живее на нива во приправена колипка покриена со еден најлон и неколку картони ... на земја ...
Тоа ли е алтернативата на сиромаштијата, да се врати во шумите и да живее од шумските плодови и од природата, пиејки вода од природните извори ... ако не е таа, која е ??

No comments:

Blog Archive

Site Meter