Search This Blog

Tuesday, July 08, 2008

Фактурата на ДУИ ...

Фактурата на ДУИ за влез во Владата на Груевски е:

  • издигнување на албанскиот како службен јазик во Македонија ...
  • статус на борците на поранешната ОНА ...
  • признавање на Косово ... како три главни столба но има и други ...
  • корекции на законите за полиција
  • корекции на законот за употреба на знамињата
читај повеќе »

Ова не се сложува со изјавата на ВМРО-ДПМНЕ дека:

  • ќе има мораториум на измените на Законот за полиција и на Законот за симболите ...
  • дека донесувањето закон за јазиците ќе биде во согласност со Уставот и Охридскиот договор ... (тука се доближија во изјавите ...)
  • прашањето на жртвите од конфликтот во 2001 да се реши во рамки на постојните закони без носење нов закон ... (и тука се доближија во додатните изјави ...)

Остана старата практика договорите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ - двете партии различно да ги интерпретираат во јавноста ...

Како и да е Груевски конечно свати дека тежината на фактурата на ДУИ и на ДПА е подеднаква ... ги избра ДУИ, која сега - поради мнозиството на ВМРО-ДПМНЕ не е така крута во преговорите ... а сепак со нив обезбедува три клучни работи:

  • не ја лути меѓународната - која е лута на инцидентите во изборите на ДПА ..
  • обезбедува бадентерово и двотретинско мнозинство во Парламентот ...
  • се покажа дека ДПА не се сигурен партнер ... на двапати излегуваше од Владата на Груевски ... имаше бројни проблеми во Собранието (дури и тепачка ...) ...

- Фактурите на ДУИ и ДПА ...

- ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сепак заедно во Влада ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter