Search This Blog

Tuesday, July 29, 2008

Фингирање/билдање на патриотизам до национализам ...

Партијата на власт, многу умешно ја искористи потребата на Македонецот да се осети Македонец ... успешно на избори му продаде приказна дека се единствени кои достојно ке го бранат Македонецот во нас ... ако ништо немаме, ако секојдневно осиромашуваме барем макдеонштината да не ни ја земаат ...

читај повеќе »

Слична приказна се продаваше и 2001-та, кога се почна како некава фингирана војна, во која неколку стотини загинаа, многумина беа протерани, многу куќи се запалија ... за на крај меѓународната да ги седне и двете страни на зелена маса ... да се потпише Рамковниот охридски договор ... кој значеше крај на унитарна Македонија ... и е старт на федерална Македонија чии контури секојдневно ги распознаваме во новите закони ... Кои се победниците од војната во 2001-та ... Ако гледаме од директните учесници во војната, лесно ке пресудиме дека морални победници се албанците ... нивните војници се сега во Владата, Министерствата, Парламентот, Локалната самоуправа ... нашите војници се на маргините на општеството ... организирани во граѓански здруженија ...

И оваа власт пловејки на тој бран на патриотизам до национализам, успеа да ги продаде дури и патриотските каси ... успева секојденевно да изгласува закони и измена на закони од кој се полни буџетот на Македонија ... до ниво Буџетот, т.е. државата да стане најголемиот пооделен “стопанственик“ кој го полни буџетот ... зошто беше потребна приватизациата тогаш, ако државата е повторно најголем газда во економијата ...

На народот секојдневно му се продаваат/билдаат приказни за патриотизам до национализам ... преку фештата за брат Љубе и помалиот брат Тарчуловски - кого Хашкиот трибунал го направи жртва на својата немоќ ... Надворешно политичката ситуација не ни се подобрува, почнаа земји кои не признаваа како Македонија и Македонци, да не крстат како фиромци ... со Грција отворено станавме на нож актуелизирајки ги неоспорните права на егејските Македонци ... немаме подршка ни од европската комисија која одговарајки на писмото на Груевски - се прогласни за ненадлежна ... не упатува, дека спорот треба да го решиме меѓу себе и во рамките на грчкиот устав и нивните легални институции и партии на власт ... сега надеж гледаме во ООН ... и евентуално во Советот за безбедност ... дали Советот за безбедност ке отвара рана од една граѓанска војна која била пред 60 години ... не верувам ...

Ми се чини дека америте повторно од нас прават монета за подкусурување, за да ги убедат грците тоа милијардите долари на ново оружје - ги купат од нив а не од ЕУ моќните држави ... Би пишувал уште, но сметам дека написите на блог треба да бидат кратки ...

Може ли од продавање/билдање на патриотизам до национализам да се живее ... обичниот народ граѓанинот не може да живее од тоа - на нив им требаат вистински пари за да купат храна и облека, платат комуналии ... но да, политичарите може да живеат од патриотизам до национализам ... погледнете само во програмите и говорите на албанските партии ... а и нашите со со слични реторики ...за кога ке дојдат на власт увидат - дека народот живее од економијата ... уствари тие тоа го знаат и во времето на изборите - но на сиромашен и напатен народ најлесно се продаваат билдани приказни за патриотизам и национализам ...

Се` додека поминуваат така добро (на избори ...) такви приказни ... до тогаш ке трае нашиод од по економските маки , сиромаштијата и невработеноста ... кој е луд да дојде да инвестира во земја - во која куќата на комшијата се пали само заради неговата различна национална припадност ... нешто што во другите држави е апсолвирано пред век, два или три ...

Македонија припаѓа на граѓаните кои живеат во Македонија ... ова е апсолутна вистина ... и затоа мора да го одиме патот на граѓанска држава, со почитување и градење на правата на граѓанинот ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter