Search This Blog

Friday, August 08, 2008

Олимпијада - Пекинг ... војна Осетија - Грузија ... Карпалак Македонија ...

Во старите времиња колку и да имало војна во време на олимпијските игри - војните прекинувале ... денеска имаме опозит ... почна олимпијадата во Пекинг, спектакуларно ... но, на спектактлот се приклучија и грмотевиците на тенковите и авионите во Осетија ... колку жално - стравично ...

читај повеќе »

Пред некој ден се пронесе глас дека децата од Осетија се тргнати на страна - веројатно за да може да почне една нова игра за мажи - ВОЈНА ... или беше “Сакате ли војна“ ... Не е случаен почетокот на новата војна во Осетија на денешен ден ... Русија мора да се окарактиризира како агресор, во време на почеток на олимпијадата ... Русија стана премногу популарна и јака во последните десетина години ...

Сега повторно ке гледаме паралелен филм на “Меѓународната ...“ која ке глуми лудило ... ке повикува на прекин на огнот ... а истовремено по други канали ке уфрла оружје во регионот ...

Овие два крупни настана во светската политика ке фрлат малку сенка да подзаборавиме на Карпалак 2001 год. и загинувањето на десете резервисти од Прилеп ... на дворските игри околу Претседателот и Премиерот ...

На десетгодишнината осем роднините - државата го прати ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ за одбрана ... толку за пиететот кон десете бранители кои со крвта ја плаќаат националната агонија на Македонија ... ветениот споменик сеуште не е изграден на местото на настанот ... утрово се постави нова плоча на местото - предходните плочи мистериозно нестануваат ... има ли МК сеуште контрола на целата територија или сме сведоци на договорената игра за дефакто поделба на „Федерално Рамковна Македонија“ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter