Search This Blog

Monday, September 22, 2008

Грчка блокада преку “синдикални протести ...“...

Грците сакајки да ни пратат порака - кој е кој во меѓународната политика често ни ставаат кратки сопки во протокот на луѓето и робата ... ги “инструираат“ синдикатите да организираат “штрајкови“ ... чести се синдикалните протести во луката Солун и на самиот граничен премин ...

читај повеќе »

Утринава слушнав дали на радио или на ТВ дека границите со Грција времено се затворени за секаков премин со било какво возило ... може да се помине границата само пешки ... Страшно ме интересира дали е тоа само за МК возила или за сите ... дали сите грчки граници према Бугарија и Турција се затворени ... Македонија мора остро да протестира за вакви подлости на грчката страна ... никој нема право да го стопира слободниот проток на луѓе и стоки, особено во случајот на Грција и Македонија, каде пристаништето во Солун за Македонија е важен транспортен коридор и природно најблизок и најисплатлив ...

Стално се слуша од грчката штампа дека грците ке се повлечат од Македонија како инвеститори ... дури успеваат да ги убедат своите граѓани да не одат ни како туристи во Македонија ... како ли го постигнуваат сето тоа ?? ... како на приватниот капитал и граѓанинот може да диктира државна грчка политика, за тивка изолација на Македонија ... како го спроведуваат тоа а ние не знаеме да го користиме за мрсна тужба во меѓународните судови за попречување на слободен проток на луѓе и стоки ... до нас е не е до нив - не не бива ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter