Search This Blog

Monday, September 22, 2008

Преговорите за името - вруќ костен на МК врвни политичари ... епизода Њујорк ...

Решавањето на спорот со името е вруќ костен од кого како попарени бегаат сите наши политичари кои се на власт ... Проблемот се направи а преговорите/разговорите беа повеќе формални, одколку со вистинска намера да се решат ... Околу името на Тупурковски му беше подметнувано кукавичко јајце - дека нешто шурувал без дозвола на председателот Глигоров ...

читај повеќе »

Преговорите/разговорите за разликите околу името - тињаа до реалниот пробив за влезот во НАТО, заедно со Јадранската група ... тогаш неколку месеци пред приемот на НАТО во Букурешт - почнаа да се случуваат вистнски преговори во кои се вклучи и американската дипломатија ... До договор до самитот на НАТО во Букурешт не дојде ... Груевски исфорсира нови избори и во изборната програма си зацементира оправдување - дека на крај за името ке го праша народот на Референдум ...

СДСМ цврсто се залагаше владата на Груевски во минатиот мандат да го реши проблемот, за тој да биде споменуван дека во негово време Македонија го променила името ... Не е тајна дека има разлики во пристапот на решавањето на проблемот за спорот со името меѓу Груевски (кој има платформа во програмата) и Црвенковски кој сака да ја искористи климата на наклонетост на Буш и неговата администрација за спорот со името ...брзо решавање на спорот ...

Груевски останувајки во државата - му порача на Црвенковски дека очекува тој во директни преговори во Њујорк да го реши спорот ... така всушност му ги препушти вруќите костени на Црвенковски ...

Се` говори - дека спорот нема да биде решен ни во Њујорк ... дека ке имаме одложување на процесот за најмалку година дена ... До тогаш веројатно ке го дознаеме детали од планот “Б “ ... за развој на Македонија без НАТО и ЕУ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter