Search This Blog

Thursday, September 25, 2008

Саат-кула Штип ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/B77AF7F7AAEC744B9D9176B4AA2B0636.jpg

Македонија е една од ретките земји каде во времето на турците се изградени бројни Саат Кули во повеќе градови: Скопје, Битола, Прилеп, Струга, Штип, Велес, Кичево, Кратово ...

читај повеќе »

Саат кули веројатно имало и во другите поголеми градови во Македонија но не се спменуваат во историски извори ... Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија се поголеми градови во Македонија каде немаме присаство на Саат кули ...

http://www.porta3.com.mk/images/stories/regioni/83_9_3.gif

Вообичаено саат кулите се сместувале во одбранбените кули од некој фортификациски објект, доволно висок за да се постави сат кој ке се гледа на сите страни ... истотака сати се поставувале на камбанарии од цркви ...

http://www.vest.com.mk/images/%7BB6C2803C-519A-47FB-B00F-1356B760D872%7D_stip-2.jpg

  • Штипската Саат-кула ќе го добие автентичниот изглед .... За најмногу еден месец во Штип ќе почне конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата на Саат-кулата, споменик на културата од 17 век, кој е под заштита на државата. Реткиот споменик во центарот на градот ќе го добие автентичниот изглед. Се планира на кулата да се постават и три големи часовници а кои граѓаните ќе можат да видат колку е часот. Работите ќе бидат извршени благодарение на донацијата од 3,5 милиони денари кои на градот му ги даде бизнисменот Сашко Миладинов, сопственик на конфекцијата „Албатрос“. ... „Штипјани ја знаат како Саат-кула, а таа е всушност Бегова кула. Историјата укажува дека кулата била изградена од турски бег кој живеел во Штип, но неговото име не останало запишано. Тој ја направил кулата за да го заштити семејството во кризни времиња. На објектот имало и пушкарници и балкон. Еден век подоцна на кулата бил поставен часовничарски механизам и оттогаш со отчукување ги информира штипјани за времето“, вели директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Штип, Зоран Читкушев. ... Враќањето во првобитната форма ќе значи издигање на Саат-кулата за 11,80 метри со што таа ќе ја има својата првобитна висина од 29,65 метри. Дел од кулата бил урнат во 1934 од тогашната власт. Според едни толкувања, уривањето било од безбедносни причини. Според други, тоа било резултат на немирот кај пошироката околина од силното отчукување на часовникот.
  • Градската саат кула пред обновување
  • Ристо учителот им го врати времето на штипјани ... Сега, во својата 77. година од животот, Ристо учителот е своевидна легенда за Штип. Неговиот биолошки часовник е врзан и со штипскиот градска Саат кула. Приказната на Ристо учителот стана и приказна со саатот на Кулата, оти Ристо на часовникот што го мери животот му даде живот.
    "Едно време саатот не работеше. Кога гледав дека градскиот саат не работи, имав чувство како да згаснува животот во градот. Отидов во Собранието на Штип и им кажав дека вака повеќе не може и оти ќе го одржувам часовникот. Со познатите штипски мајстори за часовници за еден ден го отстранивме дефектот. Оттогаш наваму, еве веќе од 1992 година, го одржувам градскиот саат. Гоподмачкувам, ги менувам сајлите и не дозволувам да не се слушне големото и звучно градско sвоно кое со векови, секој час кажува дека Штип пулсира, дека градот живее", со задоволство ни зборуваше Ристо учителот и за овој негов најнов занает.
    Ристо остави и пишан аманет за идните генерации, врзан со приказната за саатот. Со свој ракопис ја напишал на стариот камен sид на кулата. Таму пишува: “Кулата датира уште од 1650 година. Некој турски бег се заљубил во убавата штипјанка Анка. Сакал да ја потурчи и во тоа бил мошне упорен. Таа, за да го откачи, еднаш рекла дека ќе се потурчи, но тој за возврат на градот, како сеќавање, да остави убав спомен, на пример, една кула која ќе биде и градски саат. Анка мислела дека бегот ќе се откаже од нејзината љубов. Меѓутоа, Турчинот, бидејќи бил до гуша заљубен во убавата Анка, за сосема кусо време ја изградил кулата и ја одвел со себе младата штипјанка", говори легендата за Саат кулата во Штип.
    Секој ден напладне Ристо се качува во Кулата за да го навие саат. Оти може да застане механизмот, затоа што штипјани, ако ништо друго, барем со отчукувањето на саатот го имаат чувството дека не им застанало времето
    .
  • Вангели изложува во Градската саат кула

No comments:

Blog Archive

Site Meter