Search This Blog

Wednesday, September 17, 2008

Осигурувањето на возилата од автоодговорност од вчера поефтини ...

http://www.qbeeurope.com/images/motor/claims-handling.jpg

Како што најагви владата со одлука на заедничкото тело обавезното осигурување на возила од вчера поефтини ...

читај повеќе »

Осигурување од автомобилска одговорност ... Осигурувањето од автомобилска одговорност (АО) е законски задолжително осигурување за сите сопственици на моторни возила. Оваа полиса ја приложувате како документ при годишната регистрација на Вашето возило.

Со оваа полиса е осигурена Вашата одговорност за штети кои со Вашето возило може да ги направите на "трети лица"односно учесници во сообраќајот. Во предвидени осигурени случаи Кјуби Македонија ја превзема одговорноста за надомест на штета кон "трети лица"
.

Оние кои се блиски до мојот дуќан нека повелат да им направам полиса за обавезно осигурување на нивното возило ... веќе неколку месеци ја работам и таа работа ... се разбира издавам и зелени картони ... цената на зелениот картон остана иста ...

  • за 1м 2450 ден
  • за 3м 3670 ден
  • за 6м 5500 ден
  • за 12м 9785 ден

Новата цена за обавезно осигурување всушност е намалена за 20,6 отсто ... но со попустот ако немате направено штета минатата година кој сега е десет проценти ... вкупното намалување е 30 проценти ... а ако се додадат и намалувањата кои се плаќаат за користење на патишта тогаш вкупната регистрација е намалена за 35 проценти ... новите цени за автоодговорност се:

  • до 22 киловати - ........
  • од 22 до 33 киловати - 4.087 ден. ... „застава 101“ и „југо“ ...
  • од 33 до 44 киловати - 4.730 ден. ... „матиз“ и „спарк“ ...
  • oд 44 до 55 киловати - 5.453 ден. ... „форд фиеста“ и „пунто“ ...
  • од 55 до 66 киловати - 6.116 ден. ... „калос“ или „голф“ ...
  • oд 66 до 84 киловати - 7.134 ден. ... „форд мондео“ и „опел вектра“ ...
  • oд 84 до 110 киловат - 8.510 ден. ... „БМВ“ и „мерцедес“ ...
  • над 110 киловати - 10.294 ден. ... спортските возила и џипови ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter