Search This Blog

Thursday, December 11, 2008

Кога ке цркне нашето магаре ... Неизлегувајки на избори, народот порачува дека нема за кого да гласа ...

http://www.gusinje.net/link/nasradinhodza/Nasrudin_H.gif

Тргнувајки од поговорката на Настрадин Оџа - кој се прослави со премисата “само што го научив магарето да не јаде - тоа умре“ ... Настрадин Оџа е познат и по тоа што своето магаре често го јаваше наопаку ...

читај повеќе »

Ако предпоставиме дека Настрадин Оџа е власта во МК а магарето сме ние, народот ... јасно излегуваат две работи:

  • првата е таа што власта во последните 20 години не тренира да не јадеме ... ке прашате зошто ... просто е ... за да купиш јадење ти требаат пари, треба да ги заработиш или да го украдеш ... како “МК магаре“ да купи јадење кога 30 проценти е невработено ... кога од платата која ја прима 3/4 ја троши за потрошувачка кошница ... значи мора да краде - веројатно затоа и се енормните потреби од зголемување на затворските капацитети ...
  • втората е дека и во случајот со Македонија, власта го јава народот наопаку ... ке прашате како знам ... просто па сите останати држави околу нас не претркаа во сите параметри ... само ние се враќаме наназад или стоиме гордо во место ...

Од сето ова треба да произлезе дека е прашање на ден, кога ние “магарето“ ке умреме ... веројатноста дека пред тоа умирање ке следува борба за гол живот изразена во социјални немири од големи размери е голема ... ако игра мечката во комшиите а игра во Хрватска со Фејсбук револуцијата и Грција со протестите ... тоагаш нема причина тоа да не се случи и кај нас ... такви случувања вообичаено се случуваат во пролет ...

Пролетта е за неколку месеци - власта до тогаш има шанси нешто да покаже, во што не верувам едноставно премалку време има ... во оваа пролет се и локални и претседателски избори ... скоро сум сигурен дека излезноста на овие избори ке биде со најмал историски процент на практикувањето на демократија во Македонија ... тоа јасно покажува каков е легитимитетот на власта - која настојувајки да го намалува цензусот на излезноста ... со што се оградува/оглушува од жолтите картони, кои ги дели народот неизлегувајки на избори ...

Со неизлегување на избори народот порачува дека - нема за кого да гласа ... нема доверие во ниеден од пријавените кандидати ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter