Search This Blog

Wednesday, December 24, 2008

ВО ЗДРАВО ТЕЛО И ЗДРАВ ДУХ

Читам деновиве дека ми промакнал некаков Закон кој наложувал еднашка годишно сите вработени да бидат прегледани кај специјалисти за медицина на труд ... До 20 јануари, систематски преглед треба да направат 607.000 вработени ... овие систематски прегледи ке го кошта стопанството 800 денари по човек ... тоа се нови 8.000.000 евра слеани во буџетот + ДДВ ...

читај повеќе »

Полначите на буџетот се неуморни со “нови идеи“ како тој да се дополни, за да може потоа со поголем елан трошаџиите на буџетот “паметно“ да го потрошат - во името на народот ...

Како дополнување на вакви “паметни“ закани, слушам по штабовите на владеачката партија се заговара нов Закон - овојпат за забрането “кашлање и кивање“ ... имено, научно е докажано дека оној кој ке кивне - може да пренесе настинка на скоро 800 нови луѓе ... а само со едно кашлање - се заразуваат нови 100 луѓе ... пресметале “стручњаците“ дека ова ке ја уништи МК економија и затоа - се предлага донесување на Закон за забрането “кашлање и кивање“ по скратена и итна постапка (заради сезоната на кивање и кашлање ...)... секако законот ке ги почитува човековите права за кивање и кашлање на граѓаните по нивните домови и тој строго ке се однесува за забранување на кивање и кашлање на јавно место ... во спротивно, секој кој ке се фати дека кива на јавно место ке плати 150 евра за едно кивање т.е. 60 евра за едно кашлање (во противредност во денари ... ако казната се плати во рок од 15 дена се намалува за 50 проценти ...) ... надлежни за спроведување ке биде целата јавна админстрација - особено полицијата ...

Е да, ке заборавев слушнав од истите извори (морам да ги сочувам како тајни), дека кога ке се влегува на работа покрај апаратите за одчукување при влезот се воведуваат и апарати дали ти се очистени пределите под нокти и соодветно измиени рацете ... и тука има пресметка дека содржината на секретот под ноктите се главни причини на појавата и пренесувањето на жолтица ... а сите знаеме дека неизмиените раце се главна додатна причина за многу болести особено за жолтицата ... за овој закон каде казните се далеку помали (поради намалениот стандард на граѓаните - мисли Владата и за тоа ...) се предлага казна од 50 евра за нечисти нокти и 20 евра за неизмиени раце ... истотака и тука ке важи стандардниот попуст од 50 проценти ако казната се плати во рок од 15 дена ... и во двата случаја важи дека по плаќањето ке мора уплатницата да се однесе во најблиската станица на полицијата за да не се случи алфите и специјалната полиција да ти дојдат дома и да те соберат затвор - а ти си ја платил уредно казната ... од каде знаат алфите дека си платил ... копија од уплатниците се препорачува да си чуваш три години во новчаник, бидејки сега полицијата е интегрално компјутерски поврзана и може да се деси при рутинска контрола дали си го регистрирал возилото да те приведат затоа што не си платил казна за кивање или кашлање ...

Сето ова е едногласно подржано и поздравено од Стопанските комори кои јавно се заблагодаруваат на Владата што со вакви мерки ке допринесе за зголемување на продуктивноста кај вработените ... тоа завчера го истакнаа на заедничкиот молитвен доручок со дел од членовите на Владата ... одржан во Холидеј ин ... веројатно тоа го приметивте од огласните табли на Владата телевизите и весниците ...

26.Декември е прогласен за ден кога особено ке се зборува против последиците од кивањето и кашлањето ... за таа цел помогнати се со владини пари три фондации и 15 НВО-а ... кои имаат задача особено да ги истакнуваат последиците од незаштитено кивање и кашлање ...

За тоа каков закон се спрема за правилна употреба на воздухот што го дишеме во друга прилика, да не ја оптеретувам тематиката од постот ...

http://www.taratur.com/files/22.12kivanje3.jpghttp://www.taratur.com/files/22.12kivanje5.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter