Search This Blog

Thursday, December 25, 2008

Балканските национализми и ЕУ перспективите ... Балканизација на ЕУ - или европеизација на балканот ...

Сите балкански држави и ден денеска го живеат сонот за големината на нивната нација ... од кој и чив национализам да почнам ...

читај повеќе »

  • Србија како централна држава на балканите во историјата неколку пати има свои држави на големи простори на балканот ... да не ги набројувам ... евидентно е постоењето на културата на Србите во тие простори ... Да не ги споменувам минатите балкански војни каде Србија скоро во сите учествува ... и во последните војни на балканот србите имаа три простора каде војуваа ... не мислам тука на Србија како држава туку на србите како нација ... во Хрватска имаше големи воени жаришта во таканаречената Република Српска и Србска Краина ... многумина ја подзаборавија Балван револуцијата ... борбите близу Плитвичките езера и Посавина ... грозоморствата околу Вуковар ... следеа крвавите судири во Босна ... од Сараево до Сребреница ... за да на крај заврши со воениот крвав пир во Косово ... и ужасните и неправедни бомбардирања на НАТО врз цела Србија каде страдаа над 2000 цивили ... каде НАТО се што имаше во магацин полно со осиромашен ураниум (и којзнае со што друго ...) наместо да го складира и чува во свои магацини го пушти да се разложува по српските ниви и ливади ... над главите на србите ... само господ знае што се` се фрли од авион во тој до тогаш незамислив воен судир на територијата на Европа - каде главна војна се водеше во медиумите и исценирањето на разни случаи ... Заради јакоста на србскиот национализам Србите изгубија контрола на многу територии каде претежно живеејат Срби ... ја губат и таканаречената територија на Стара Србија - денешно Косово ... Од српски национализам се спаси само Македонија ... каде србите во Македонија не дозволија да никне зверката наречена србски национализам ...
  • Хрватска, преку ставање на прво место на својот национализам во последните војни во многу акции исчисти огромни територии .... ги видовме луѓето од Српска Краина како со коли и трактори заминуваа во еден правец према Србија ... Во Босна имаше судир и со Србите и со Бошњаците на премногу места ... во еден таков судир падна мостот во Мостар - прекрасно старо здание ... колку само логори на смрта видовме во 21 век ... повторно почна да работат јамите и масовите глобници во Босна ... се изнагледавме на филмови во кој хрватскиот национализам ја продолжи традицијата на масовно чистење на “свои“ територии од нехрватско население ...
  • Во Словенија најкратко беснееше национализмот ... Јанша и другите јуноши на словенечкиот национализам пукаа во хелихоптер кој носеше храна за војниците на граничните караули ... и таму има некои поситни злосторства кои кога тогаш ке испливаат ... но нивниот обем е многу мал ...
  • Босна ... ја разорија национализми кои се повампирија од сите типови ... и србски и хрватски и бошњачки ... На територија во која толку години успешно владееше разумот и соживотот - некој ги одврза и ги пушти во крвава пирова борба сите националисти ... помогнати од сите странски елементи ... се увезе и исламскиот фундаментализам кој до тогаш немаше потпора кај босанските муслимани ... се изнагледавме на логори, на сечени глави ... на палење и силување ... на рушење на верски објекти и културни споменици ... “Лепа села лепо горе“ ни покажа дел од тогашниот “фолклор“ ... Босна е врвот на сите национализми на балканот ... во Босна најкасно ке се случи повторно контролирање на скриенте и јавните национализми ...
  • Национализмот на Косово е нешто кое е присатно од кога знаеме за Косово ... особено од “Призренската лига“ навака ... Современо Косово доживува борба на србскиот и албанскиот национализам ... борба до истребување ... Албанците на Косово и во другите делови каде зацртаа дека имаат интерес, створија стратегија на освојување на територија преку могудетството и правењето на нивните жени на фабрики за раѓање деца ... на Косово се прими огроемн бран на бегалци од Енверхоџина Албанија ... тие беа теретот на вагата кој превагна за големата брзина на “мирно“ осојување на терторијата на Косово, Јужна Србија па и Западна Македонија ... кога ке се осетеа јаки во чопортот - оние кои преостанале и не се иселиле ... почнаа да ги напаѓаат на разни начини ... ги малтретираа децата, ги палеа нивите ... ги силуваа девоките ... ги сакатеа мажите ... Џамиите одиграа клучна улога во индоктринацијата на албанците, дека териториите мора да се очистат ... Србската држава неколку пати воено интервенира преку акции на чистење на националистичките албански елементи ... тогаш почна да страда и албанското население ... за да по почетокот на бомбардирањето на НАТО, кое беше најжестоко во Косово се изврши масовно бегање (егзодус ...) во Македонија и дел во Албанија ... се направи етничко чистење на албанците од Косово ... за да по кумановската спогодба албанците се вратат на Косово и во акции на одмазда скоро тотално го очистат Косово од србите кои останаа само во неколку енклави и како помногубројни во Митровица преку Ибар ... Хашкиот трибунал беше премек кон албанскиот национализам ...
  • Можеби најголема евидентна поврзаност меѓу националистите и криминогените структури е остварена во Црна Гора ... во исто време Црна Гора сепак успеа да остане по страна од некакви поголеми националистички воени судири на своја териотрија ...
  • Албанија вешто менаџира со албанскиот национализам кој успеа да створи нова албанска држава во Косово и е при крај со правењето на уште една албанска држава на територија на Западна Македонија ... таканаречена Илирида ... Албанците паметно инвестираа дел од криминалните пари на нивната нарко мафија во подкуп на многу амерички сенатори и разни кујни кои ги помагаат албанците секаде каде живеат ... особено во Косово и Македонија ... се смета дека албанската мафија подпомогната од фондовите - во кои дел од парите уплатуваа сите албанци кои работат во странство ... завршија обромна работа на зелената маса каде на крај се` се одлучува ... тие ја имаат нескриената подршка на САД администрацијата и тајните структури ... Се шушкаше дека и Ахтисари лапна кофери со кешовина ... за на крај да исплива трговијата со органи од затворените Срби и неалбанци од Косово и Македонија ... јас тука би ги додал и нашите кои исчезнаа во текот на војната ... Менгеле проработи во современа Албанија ... светот мора да се справи и да ги најде виновниците на оваа и ваква појава во 21 век ... Национализмот слободно организиран во албанската држава сега е во битка на зелените маси ...
  • Македонија ... тука нас највеќе не пече и боли ... еве да почнам со распадот на ЈУ ... по договорното повлекување на војската од Македонија - во Македонија се роди МК национализам најнапред подхрануван од БГ национализам и неговата вечна потреба да ги скара Македонците и Србите во Македонија ... за подсетување на БГ национализам им смеќава што нема омраза која ке се подпира на некој воен судир меѓу србската држава и МК население ... тоа се најде во србските жандари кои се омилени во БГ пропаганда, дека тие се изживувале во територијата на Маледонија ... дека затварале и убивале ... но осем во случаевите каде делови на МК население кое се обвинувало за пробугарско чувства и работа против интересите на србската држава немало други несогласувања со србите во Македонија ... така на база на вакви поранешни случаеви во МК по напуштањето на војската на ЈУ од територијата на Македонија се појавија националистички пароли од типот “Срби на врби“ ... “од циганите и шиптарите ке правиме сапун“ ... “на орлите ке им ги кратиме ноктите“ ... а следниот конгрес на ВМРО ке го држиме во слободен Солун ... На првите избори во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ доби највеќе гласови ... но не успеа да формира влада ... бидејки не сакаше да коалицира со албанците ... Албанците пак ја искористија шансата, преку мирна борба и со демократски методи да остваруваат се поголеми права за нивната нација ... што е легитимно ... но не е легитимно што од Македонија дефакто направија бинационална држава ... што спроведоа референдум за Илирида ... што ја почнаа гнасната национална војна на територија на Македонија каде скоро сите МК куќи беа запалени ... многу од црквите и манастирите страдаа и како последица на сето тоа дефинитивно очистија многу територии ... под заштита на меѓународната, Македонија ја држат во изолација и не и дозволуваат да се придвижи во интегративните процеси ... бидејки секојпат им стои на располагање арсенал на скриени и јавни начини како да ја блокираат Македонија ... тие само фингирано се поделени во неколку партии - всушност имаат иста цел ... играат само едни лоши а други добри момци (партии) ... најпрвин федерализација на Македонија, потоа легален референдум за одцепувае и припајање кон матицата ... сето ова е во еден општ хаус и трка како сето ке се заврши ... сите очекувавме дека спасот ке го најдеме во ЕУ и во зголемување на свеста/културализација на самиот албанец кој ке се спротивстави во насилното освојување на територија и ке биде против методите на етничкото чистење, кое се спроведува по некој план - план на албанците секаде каде што живеат ... МК национализам се изразува и преку неостварениот сон за голема Македонија и обединување на сите територии кои се дел од античка Македонија ... во најновиот дел од современата МК историја се ствара нова реторта на МК идентитет каде доминантно се посакува да се истакне античкиот карактер на Македонија ... така имаме одлука во секој град да има барем по еден споменик од античка Македонија ... мнгу плоштади на градови се претворени во антички плоштади ... никнаа многу антички коњаници ... само прашање е на месеци кога на цетралниот плоштад во Скопје ке никне статуата на Александар Македонски ... со каква помпа само се пречека делегацијата на Хунзите во Македонија ... колку голема енергија се дава на новото т.е. најстарото писмо на античките Македонци кое е во процес на откривање и дешифрирање на академикот Бошевски и Тентов ... кое види чудо има подпора во современиот МК јазик ... што пак е во директен судир со грчките политики кои веќе 18 години успеваат да не маргинализираат и да не остават по страна од интегративните процеси ... На сите ни е јасно дека Македонија во најновото време е заробеник на својот национализам ... т.е. невожмозноста која се бара од Македонците сами да си пресудат дека не се Македци ... што верувам дека нема да се случи ...
  • Грција и грчиот национализам се митски и историски категории ... Грција е едеинствената држава во ЕУ која не признава постоење на национални малцинство на своја територија ... може ли тоа да се одржи а Грција да остане членка на ЕУ ... ЕУ премногу ја има размазено Грција која е најортодоксна национална држава ... Грција како и сите балкански држави е скарана со сите соседи ... што заради историски последици, што заради ствањето на национализмот на највисоко место во сите пори на нивниот живот ... Грција е во необјавена тивка војна со Турција ... само НАТО е причина што до сега се немаат спукано ... америте пак тријат раце поради апетитите за вооружувње на Грција и Турција ... Нас највеќе не боли тоа што Грција е единствената јавна причина поради која не влеговме во НАТО и поради застојот на ЕУ интегративните процеси ... Историјата на МК и на Грција е исреплетена од постоењето на светот и векот ... Само заради доминацијата на нивната античка култура и јазик Грција става рака на овие територии и бидејки е држава која вистински живее од легендите и митовите - таа не сака да го испушти историскиот период на Александар Македонски и тогашната најмоќна/најголемата светска држава ... Македонија веќе 18 години е заложник на грчкиот национализам ... нема потреба да споменувам дека Македонците во Грција ... во граѓанската војан во Грција и особено потоа се истребени на ниво на екзодус ... Јас искрајно не гледам во моментов начин како ние ке се спасиме од грчкиот национализам ... а уверен сум дека нема да попуштиме во националниот идентитет и името ... сето тоа вели дека уште долго време ке бидеме надвор од можностите кои се пружаат во ЕУ интегративните процеси ... Искрајно се надевам и очекувам - дека при крајот на идната година ке падне шенгенскиот зид ... за да можат генерации млади Македци да видат дека постојат и други цивилиации ... други народи кои живеат на малку поинаков начин ... во МК простојат уште многу битки на националистите во Македонија ... моментално тие се во коалиција со абанските националисти - што само ја овозможува поделбата и биполаризацијата на Македонија ... сето тоа води во распад и поделба на Македонија ...
  • Бугарија и држава која стана членка на ЕУ а не раскрсти со својот национализам и сон за голема Бугарија ... Бугарите скоро во сите балкански војни војуваат со Србија за разни територии но најчесто заради Македонија ... заради таквите војни тие имаат изгубено две големи територии кои се присоединети на кралството на СХС ... Бослислеград и Струмица ... тие својата култура ја имаат засновано на база на делови на историја кои се случувале на териотрија на Македонија ... особено Охрид , Ресен ... БГ никојпат нема да прежалат што Охрид не е БГ територија ... секој Бугарин има потреба и оди во Охрид барем еднашка во својот живот ... како што муслиманите одат во Мека и Медина .... Со современа Македонија го усложнија соживотот поради нивната теза дека е тоа “еден народ во две држави“ и поради непризнавање на идентитетот на МК народ и современиот јазик на македонците ... Ја обвинуваат МК држава и народ дека се творби на Коминтерната Тито и Сталин ... дека МК јазик е само дијалект на БГ јазик ... дека современиот кодификатор на МК јазик е србски елемент во МК култура ... Го оспоруваат правото на МК историчари да се повикуваат на луѓе (истакнати личности на МК историја и култура ...), кои во некој период пишувале на бугарски јазик ... издавале свои книги во Софија ... каде во некои делови јасно се изјаснувале дека се Бугари ...Осем јавните борби во текот на балканските и двете светски војни ... бугарите непрестално имаат и тајни организирани напори да го одржат бугаризмот во Македонија ... во современо време тоа донекаде успеваат да го остварат преку издавање на БГ пасоши за МК граѓани - каде во постапката МК граѓани се одкажуваат со изјава дека не се Македонци и изјавуваат дека се вековни Бугари по душа и срце ... најновите напори се - да се обноват воените гробишта на териоторија на Македонија, со што сакаат да покажат дека се тоа ослободителни војни на територија на Македонија ... во ЕУ интегративните процеси се прикриени подржувачи на Грчката држава ... чекаат погодно време јасно/јавно и тие да ги фактурираат своите аспирации кон Македонија и Македонците ... сега се активни во докажување дека МК современик е крадч на туѓа историја и историски ликови ... БГ држава е вториот потенцијален непријател во ЕУ интегративните процеси ...
  • Искрајно кажано најмалку од балканските национализми го познавам Романскиот национализам ... долго време тие беа во јасна диктатура на режимот на Чаушеску ... знам дека имаат проблеми со маѓарите, помали проблеми со србите ... но поголеми проблеми со молдавците ... не сум на чисто како стојат со бугарите ... знам дека таму имаат проблеми - но како да се имаат договорено со бугарите, да не ги ставаат во прв план национализмите на бугарите и романците ...
  • Ке го заборавев турскиот национализам и турската држава која е вечен и најстар кандидат за ЕУ интегрирање ... тие имаат проблем со грците и грчките острови кои се на пушкомент од нивните копнени територии ... Кипар е место каде е потенционално жариште на турскиот национализам кој е во вековен судир со грчкиот национализам ... турците во историјата имаат незатворена страница со ерменците и чистењето на ерменци од турска територија ... да не го заборавиме курдското прашање кое виси во турската држава и е со најголема тензија и секојдневни конфликти ... едно и признавам на турската држава - тоа е дека е најнастрана од фудаментализмот на исламот ... дека од Тирција и без ЕУ успеа да направи современа и се` побогата/попросперитетна држава ... се чни дека на Турција не и е толку потребана ЕУ за да оствари се` подобар живот на своите жители ...

Кај сите национализми во сите балкански држави карактеристично е скоро отворената соработка со криминалот од сите видови ... а особено во нарко криминалот ... тутунскиот криминал ... трговијата со бело робје ... перење на пари и други современи форми на криминал ... криминалот во сите балкански држави е во највисоките државни кругови ... особвено во Албанија ... Бугарија е обвинета дека нема расчистено со корупцијата и криминалот во својата држава ... ускратени и се сите ЕУ пристапни фондови додека не го реши тој проблем ...

Воопшто криминалот кај албанците е најповрзан со нивниот национализам - бидејки тие се главните финасиери на националистичките идеи/идеали на албанците ...

ЕУ е свесна дека вака високо криминализирани држави кои се со претежно и доминантно национален карактер неможе и несака да ги има во своите редови ... тоа е главната причина зошто таканаречените земји на западен балкан се држат настрана од ЕУ интегративните процеси бидејки се смета дека тие може да го повампират национализмот во самите ЕУ држави ... ако вакви држави кои имаат нерешени комшиски и пред се национални спорови влезат во ЕУ семејството ...

Уште колу време ке трае изолацијата на ЕУ од овие балкански држави ... Веројатно уште доволно долго време за да отапе оштрицата на национализмот и поврзување на националистите и криминогените структури во овие балкански држави ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter