Search This Blog

Wednesday, December 03, 2008

„Брзи“ закони ... какви кучиња раѓа “брзата кучка“ ...

Во сите демократии има предвидено можност парламентите да носат брзи закони ... но тоа е исклучок не е правило како во нашиот случај ... „брзи“ закони се носат само за вонредни прилики ...

читај повеќе »

Повторното носење на „брзи“ закони ја иритира опозицијата која смета дека Собранието се претвори во сервис на владата .... во гласачка машина ... дали е тоа силата на демократијата - да се носат закони без доволна проверка ... Од што е тоа Македонија загрозена за да се носат „брзи“ закони ... велат од кризата ... колку знам кризата е на прагот на државата веќе неколку месеци ... до вчера не убедуваа дека нас нема да не зафати ... сега наеднаш се труби дека треба да настапуваме брзо ... башка сега кризата се решава само со опростување на долгови не и со интервнција на свежи буџетски пари ...

Не ја научивме лекцијата дека „брзи“ закони не се демократско средство - туку напротив ја нагрдуваат демократија и ги уназадуваат демократските процеси ... се заборава народната дека “брзата кучка раѓа слепи кучиња“ ... знаеме но ете брзаме ... башка како вчера ми одекнуваат зборовите на Претседателот на Собранието ... “..се извинувам, грешка беше брзото носење на закони ...“...

No comments:

Blog Archive

Site Meter