Search This Blog

Monday, December 01, 2008

За “црните овци“ ...

http://crnaovca.mk/wp-content/themes/btnrb/images/header-bg.gif

Денеска преку два “проштални поста“ на КВАДРАТУРА НА КРУГОТ - ЗА ЗБОГУМ и на Фемгерила - Фемгерила е црна овца ... дознавме дека неколку блогери се договориле да направат нова блог платформа каде ке пробаат да продолжат да блогираат ...

читај повеќе »

Отпрвин мислев/погрешно сватив дека блогерите што “си заминуваат“ од .blog.com.mk платформата престануваат да пишуваат по своите лични блогови а ке прават некаков заеднички проект кој ете го крстиле “црна овца“ ... дилемата ја расчисти sead93 во постот на блогот Комуникации - Црна овца:

  • Како дел од „интегративните процеси“ :) по подготовка од неколку недели, од денес официјално стартуваше новата колаборативна блог мрежа, или „платформа“, на локалнава блог-сцена под наслов „Црна овца“. Здруженово „блог-претпријатие“ е замислено како алтернативен конструктивен глас на група онлајн ентузијасти, а здружувањето е од флексибилен карактер кој ќе им овозможи на сите кои учествуваат во него, да останат свои и посебни.
  • Едно можам да кажам, со извонредна извесност, е дека не се промовира никаков, би рекол „псевдо-елитизам“, скраја да е, а за сите други теми тука сме за отворена комуникација со останатите блогери за се што ќе води кон збогатување на содржајноста на македонската блог и онлајн сфера.

Во “проектот“ блог-претпријатие новата блог платформа засега учествуваат Фемгерила, Џаман, Бранка, Квадратура на кругот, sead93 ... дали и како ке се шират тоа веројатно ке кажат понатака ...

Значи да заклучам тоа е само уште една блог платформа, веројатно со мал капацитет на простор ... затоа не е отворена за неограничен број на членови ... заради што некои помислеа дека се работи за некаков елитизам ...

Значи, за сите оние што се радуваат дека блогерите кои си одат ке престанат да пишуваат на своите блогови се излажале ... тие само ја промениле виртуелната адреса ... и досега имаше многу квалитетни блогери кои блогираа на други светски блог платформи и на свои закупени простори ... некои од нив се и најстарите МК блогери ...

Верувам дека сите ке ѕиркаме кај сите ... како и досега ... малку потешко ке биде да се пратиме поради различните платформи ... јас лично им посакувам да продолжат да пишуваат онака како досега го правеа и на .blog.com.mk ...

Друго е прашањето дали тие самите ке бидат задоволни со читаноста на нивните блогови ... колку и да се лажеме на блогерите не им е сеедно дали се читани/коментирани или не ... додуше читаноста/посетеноста и коментрирањето не е единствен елемент дали е некој блогер релевантен и мериторен - но е многу битен ... им посакувам и на новата платформа да бидат читани/коментирани ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter