Search This Blog

Monday, January 26, 2009

“Градски Аптеки“ - во тешка криза ?? ... Бизнисот со лековите “пререгулиран“ ... ??! ... продавање на “празни рафтови“ ...

До мене имам една од аптеките на “Градски Аптеки“ ... моментално продаваат “празни рафтови“ ... од нова година навака - немаат добиено лекови ... плата не добиле неколку месеци ... ни цела, ни пола ...

читај повеќе »

Се работи за ланецот на некогашните државни “Градски Аптеки“ најголемиот снабдевач со лекови во Македонија ... Аптеки, во кои беше вработен најстручниот аптекарски кадар на Македонија ... Во трансформацијата ги купи “Зегин“ ... бидејки стана доминантен снабдевач со лекови, чинам дека му беше наложено да ги продаде ... како заврши приказната точно незнам ... но Зегин сигурно не испадна зијан ...

Треба да го поставиме прашањето, дали бизнисот со лекови е “прегулиран“ ... дали мешањето во ценовната политика во аптекарството, не му пресудува на аптекарството и не го прави нерентабилен бизнис ... ??. Аптеките и лековите се потреба на граѓаните. Тие во Македонија се правилно распоредени ги има близу до потрошувачите ... но, изгледа дека и на малите Аптеки како и на целото наше “мало стопанство“ (во кое се крстевме на почетокот на транзицијата) му се пресудува да пропадне ...се` е во полза на големите ...

Владата, со многу економски мерки и политики - го исфрла од игра “малото стопанство“ ... пререгулирајки го ... наметнувајки му давачки и други прописи (економски мерки) кои тоа со профитот кој го остварува неможе да го покрива ... затоа не се прашувајте - има ли луѓе кои работат без плата ... малите гранспи и фирмичиња се или човек фирми или мали фамилијарни фирми ... оние кои се самовработуваат - се тие самоексплоататорите кои најтешко дознават дека работат без профит ... додека да дознаат, тие веќе ги изеле обртните средства и затоа продаваат “празни рафтови“ ... се` попразни де ...

“Пререгулирањето“ тече и во други бизниси ... пример осигурувањето и тука Владата се замеша во ценовната политика ... во “игрите на среќа“ е слична приказната ... концептот на оваа Влада е јасно видлив ... се` што е профитабилно како бизнис мора да се ` пререгулира и лиценцира ... така или ке се стави тој бизнис под „контролана државната администрација која е всушност партијска администрација ... или бизнисот ке се даде на “НАШИ ЛУЃЕ“ ...

Сите “мали гранапи“ се во голема криза, бидејки големите се се` побројни/појаки ... најлесно е да утепаш иљадници економски “врапци“ преку поединачен одстрел со групна мерка ... тоа нема никој да го примети ... “врапците“ се нели “штеточини“ ...

Да живее големото, смрт на малото стопанство и малите бизниси ... тоаа е политиката на оваа Влада ... Под големото стопанство се подразбира и најголемиот “стопанственик“ во Македонија олицетворен во Буџетот на РМ ... Трошаџиите на Буџетот се се побројни ... Секретаријатот на Владата на РМ, кој е алфа и омега за трошењето на буџетот секојдневно е се поброен ... се` побројни се и луѓето во министерствата задолжени за правилно трошење на се` помрсните буџети на Министерствата ...

Изгледа “десните“ го враќаат социјализмот/комуњарството де - на мала врата ... додека да сетиме ке биде касно ... Сето ова оди под обландата на РЕФОРМИ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter