Search This Blog

Saturday, January 31, 2009

Програма за избор на “Локален шериф“ ... Градоначелник де ... Што би направил кога би бил ...

Кога би се кандидирал за “Локален шериф“ ... Градоначелник де ... мојата програма би била следната:

читај повеќе »

  1. Со пари на Општината - би извршил најпрецизно сателитско снимање на мојата општина во правец на проектантски подлоги за:
    - изградба на нови локални патишта ...
    - изградба на водовод и канализација ...
    - одредување на најпогодна локација за збир и преработка на смет ...
  2. Сите овие “подлоги за проекти“ беспари би им ги предал на сите заинтересирани проектански организации и проектанти, за да ми дадат идејни проекти за развој на општината во правец на:
    - правилно искористување на водните ресурси ...
    - заштита на водните ресурси ...
    - изградба на водоводни и канализациони мрежи ...
    - изградба на пречистителни станици и станици за хлорирање ... станици за мерење на квалитетот на воздухот и водата ...
    - зафаќање на водата во високите делови со мини брани - во правец на нејзино искористување за туризам и наводнување во трите жешки месеци кога господ не ја распоредува водата во доволни количини на земјоделските производи - кои без вода умираат ...
    - изградба на локални патни правци - кои би биле усмерени во правец на економски развој и туристичка промоција на мојата општина ...
  3. Со пари на Општината - би направил прецизен план за водените ресурси на мојата општина ...
    - реките,
    - потоците
    - езерата ако ги има ...
    - подводните водотеци ...
    се` со цел да се имаат проектантски подлоги за правилно економско и еколошко искористување на водените ресурси ... бидејки без вода нема живот ... секако и еколошка заштита на водените ресурси ... економско зафаќање на водите за пиење и наводнување ...
  4. Со пари на Општината - би купил неколку Бушилици за дупчење и пронаоѓање на вода ...
    - со цел на заинтересираните граѓани на одредени локации (по претходни проектантски сознанија, дека долу има природни водотеци ...) да им се избушат бушотини за вода/бунари ... предаде водениот извор/бунарот на користење на “лизинг принцип“ ... особено во места кои немаат блиски природни водотеци и можност за зафаќање на горни водотеци ... каде би можело да се изградат мини брани ... кои нели ке служат за туристичка и економска промоција на општината ...
    - до бушотините би финасирал како општина носење на електрична енергија - и сето тоа би го предал на заинтересираниот субјект на исплата на принцип на лизинг ... се разбира со грејс период ...
    - воколку има заитересирани граѓани и самите бушилици би ги предавал на Лизинг користење на заинтересирани граѓани и правни субјекти ... истотака се разбира со одреден грејс период ...
  5. Со пари на општината би - направил подлоги за “Геолошка карта“ на мојата општина ...
    - во правец ако има можни рудни богатства (метали и особено неметали ...) да се искористат ... тендерираат ...
    - во правец да се дефинира точниот карактер и квалитет на земјоделското земјиште ... за да се дефинира што е најпогодно да се одгледува на земјоделските површини ... кои култури - кои традиционално се одгледуваат во тој крај се погодни за одгледување а кои воопшто не се економски исплатливи а се одгледуваат ...
  6. Специјален проект би тендерирал за тоа што и која земјоделска култура е погодна да се одгледува во мојата оптина ... кои култури кои се одгледуваат не се исплатат ... а кои нови култури би биле погодни за одгледување ...
  7. Ке ветам дека со пари на општината - сите овие проекти ке се подигнат на специјален сајт за локален разввој на оптината и тоа двојазично т.е. тројазично (македонски, англиски и локален јазик на етничка заедница која доминира со одреден зголемен број на учество ...)
    - целта на овој сајт е сите проектански органицации од Македонија и целиот свет да може да преземаат бесплатни подлоги и да ми даваат идејни решенија - корисни за локалниот живот на граѓаните на мојата општина ...
  8. Специјален проект со пари на општината би направил за заштитата на животната средина ... воздух, вода, почва ...
  9. Со професиноален фотограф и снимател би ја рашетал целата општина за да ги согледам видливите проблеми на граѓаните:
    - каде има дупки во локалните и регионалните патишта специјално би ги снимал ... за да ветам дека додека сум јас “Локален шериф“ ... Градоначелник де -сето тоа ке биде само тажно минато на моите претходници ...
    - каде фали парк, сврталиште за децата и постарите луѓе ... игралиште за мал фудбал, кошарка ...
    - каде е могу, многу прљаво ...
    - каде парковите не се одржуваат а клупите и играчките се искршени и оштетени ...
    - каде фалат корпи за отпадоци ...
    - стази низ парковите ... осветлување ...
  10. Убаво би ја проучил проблематиката на заштита на природните реткости и ендемски видови во мојата општина ... шумите и ливиадите ... со цел да ветам дека додека сум јас“Локален шериф“ ... градоначелник де - тие ке бидат заштитени ... да остане нешто и по нашата генерација ...
  11. Специјално би ги рашетал планините и ливадите во мојата општина - со цел да ја видам самиот таа природна убавина што ректко кој ја гледа ... за да согледам што и треба на планината за таа да ни враќа и понатака ... дали има доволно шуми ... дали пасиштата се искористени ... каде може да се направи мал зафат на водите ... како планините туристички и економски да се искористуваат но секако да се запази биодиверзитетот на видовите кои се застабени во природната средина ...
  12. Специјално би се задржал на Црквите Манастирите, Џамиите ... особено оние постарите ... секако тука би ги додал сите архео локалитети во мојата општина ... со програма за нивна туристичка промоција и понатамошна заштита и конзервација - се разбира во соработка со надлежните државни институции ...
  13. За секој културно историски споменик, црква, манастир џамија од мојата општина со пари на општината би направил специјална професионална фото сесија ... би го истражил историјатот и значењето ... и во сајтот на општината би го претставил дво или тројазично ... секако еден од јазиците да е Англиски ...
  14. Би ја проучил локалната историја на мојата општина за да ветам дека на заслужните гаѓани и дејци од мојата оптина ке им изградам пригодни споменици ... а во општината ке бидат закачени нивните портрети ... за поважните би организирал годишни пригодни представувања и споменувања ... со цел да се покаже дека не се заборавени минатите генерации кои живееле во мојата општина ... и дека светот и векот не почнал од нас ... дека тие наши сограѓани се заслужни за ова што сега го наследуваме ... некои локални улици и квартови би именовал по нивните имиња ... а во близина на тие квартови би направил и мали пригодни споменици облагородени со додатна содржина фонтана, парк ... клупа ...
  15. Би направил попис на сите хотелски и сместувачки капацитети, рекреативни центри ако ги има, одмаралишта, планински куќи ... особено на малите приватни сместувчки капацитети од селските средини, кои со по помош на туристичките агенции од општината за кои истотака би следувал попис - би направил специјална презентација на сајтот на општината ... се со цел економско искористување на тие капацитети и нивен развој ...
  16. Би извршил претходна посета на поголемите стопански објекти во општината и на дел од помалите ... за да се запознам со кои проблеми се среќаваат тие а кои се од локален карактер ... за да може во програмата да им ветам дека тие додека сум јас“Локален шериф“ ... Градоначелник де - ке бидат решени ...
  17. Би извршил интервју со многу постари граѓани на општината - во правец да ми кажат што ги тишти а што е локален карактер ... секако за да вметнам паметни предлози во мојата програма ...
  18. Би направил список што ветил сегашниот “Локален шериф“ ... Градоначелник де - а не исполнил во својот мандат ... кои се неговите слабости во неговата досегашна работа ... за да можам аргументирано да го напаѓам ...
  19. Ке ветам дека на секој 1000 жители во општината со пари на општината ке купам дигитални фото апарати - за да ги поделам на умни пензионери и младинци кои редовно би ме информирале за проблемите од локален карактер кои се во нивна близина ... би биле мои “чпиуни“ ... би ги наградувал со тоа што ке ветам дека тие проблеми ке бидат решавани а фатените виновници кои се снимени ке бидат најпрво опомената и потао казнети ако го повторат истото дело ...
  20. Би ги посетил сите места за вечна почивка (гробиштата де ...) на мојата општина - би ги евидентирал проблемите ... за да можам да ветам кои проблеми ке бидат решени во мојот мандат на “Локален шериф“ ... Градоначелник де ...
  21. Особено би ги посетил Школите и Градинките - за да ги согледам сегашните проблеми ... со цел да дел од тие проблеми кои се решливи да се решат во мојот мандат ...
  22. Ке ветам дека кога ке станам “Локален шериф“ ... градоначелник де - ке направам анализа на финасиското работење на претходникот и сите дубиози (воколку ги има ..) ке ги пријавам на надлежните органи ...
  23. Ке ветам дека ке направам анализа на кадарот со кој досега располага општината ... на квалитетниот кадар ке му предложам да остане во мојот тим ... за останатиот особено ако има вишок - би направил програма за постепено активирање во некоја друга дејност која не е во општината ... ни еден не би отпуштил затоа што не е член на мојата партија - туку само заради тоа што ги нема потребните квалитети и нема резултати во својата досегашна работа ... како и нема визија како да се усоврши неговата работа ...
  24. За сите овие проекти би направил презентации и компјутерски анимиации ...
    - би купил добар проектор и големо платно за презентација ...
    - би го презентирал проектот локално на секоја улица, на секое маало, во секоја поголема зграда ... со мала пригодна журка на крајот ...
    - секао претходно би ангажирал професионален фотограф и снимател да ми направи фотосесија на целата општина и специјално на пооделни локалитети кои имаат имаат специјален карактер за општината ... културно историски споменици и цркви ...

Јас секако нема да се кандидирам за “Локален шериф“ ... Градоначелник де ... но идејата им ја оставам на бесплатно користење на секој кандидат за градоначелник од било која политичка партија или било кој независен кандидат ... се разбира идејата треба да им се допадне ...

Досегашни написи поврзани со темата на Локалните избори:

  1. Давам Пратеничко за Градоначалничко место ... ?!... 27 Јануари, 2009 - 19:41
  2. Љу(б)(п)чо Георгиевски кандидат за Градоначелник на Скопје ... ??! ... 24 Јануари, 2009 - 14:22
  3. Дали задолжувањето за 50 милиони евра за локални патишта е намерно темпирано во предизборието ... 25 Декември, 2008 - 17:12
  4. Демократско “чистилиште“ за малите партии ... 16 Декември, 2008 - 12:18
  5. Лопати со панделки - повторно ке станат трендовски артикли ... 13 Декември, 2008 - 12:56

No comments:

Blog Archive

Site Meter