Search This Blog

Wednesday, April 08, 2009

За Славевски ММФ веќе не постои ... а на Македонија не и е потребен ... зошто ?? ...

Откако успешно заврши третата по ред аукција на државни хартии од вредност каде МК држава се задолжува кај МК банки за нови триесетина милиони евра ... истиснувајки дел од банкарските фондови, кои вообичаено ги користи домашното стопанство - Славевски гордо изјави дека за Македонија ММФ не постои ... тоа било сега некоја друга финасиска организација која, која не заслужува да го носи името на ММФ ... а на Македонија не и е потребен ...

Повеќе »

Се прашувам зошто толку упорно Славевски и владата се противат на ММФ ... да, се противев и јас кога за некои мали кредитни аранжмани ММФ имаше овластување да се меша во севкупната монетарна политика на земјата ... но во услови кога наоколу скоро сите држави бараат спас во ММФ - така лесно да се отфрла респектибилна финасиска институција и притоа за неа лошо да се зборува како држава ... значи ли тоа дека оваа политичка гарнитура сака да нема никаква контрола како ги троши парите од граѓаните ...

И Премиерот изјави дека буџетот е за да се троши ... дека тие имаат своја програма за трошење на буџетот ... стоте чекора ... и дека никој нема право да им се меша во начинот на трошење на парите од граѓаните ... Премиерот заборави дека позади себе моментално има само 25 проценти од МК електорат ... а дека од сите ветувања свечено се предадени само неколку фискултурни сали кои ги почна владата на Георгиевски, по проектот на Циле (кого сега го осудија три години затвор ...) и толку ... се друго се само најави и фрлени први лопати ... Каде се странските инвестиции ... Свидмилк со кого наголемо се фалеше во предвремените избори - се претвара во најголема дубиоза во МК замјоделие ... Иљадници фамилии се измамени ... Владините институции дозволија на крај за едно евро некој да газдува со маката на сточарите ... нема ниеден осомничен за дубиозите ...

Што е со стотината писма за намери за странски инвестиции ... останаа само писма кои ги покри прашината ... Владата најви 8 милијарди нови инвестиции во Македонија ... од нив 5 милијарди со таканаречено јавно приватно пратнерство или концесии ... За три години владата не направи ни еден таков договор но затоа за наредните три ке исполни 5 милијарди евра и тоа највеќе во енергетскиот сектор и изградбата на патиша ... на овие две полиња Владата имаше бројни тендери кои пропаднаа бидејки немаше ниеден заинтересиран ...

3 милијарди евра ке инвестираме сопствени стредстав за наредните неколку години ... од каде - ке штампаме пари ?? ... Владата бара бедни триесетина милиона евра месечно да го прикрпи буџетот ... првите лопати останаа само дупки и тоа неоградени ... Е да, го заборавив “успехот“ со неколкуто тотално “нови градови“ кои фантазерски ги испланира оваа влада ... неколкуте обрблакодери по Скопје ... стотина фантазерски проекти кои се само во нивните глави ...

Пролетта дојде, младите и постарите кои немаат работа се чудат на која врата да тропнат ... врати кои нудат работа нема ... се молат да ни ги укинат визите па да фатат штрафта во некоја ЕУ држава да ги понудат своите услуги - навистина на црно ... но барем за својата работа ке имаат храна за себе и својата фамилија ... некава надеж ... тука надежта не ја гледаат ...

Не би сакал да се исполнат црните сценарија на опозицијата - дека оваа пролет или сеедно есен ке гледаме социјални немири, кои по нивна желба би предизвикале нови избори ... Нека најде Грујо некое магионичарско шташче и нека ги реши економските проблеми на народот и сиромаштијата .... во спротивно црните сценарија ке изгладаат се пореални ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter