Search This Blog

Thursday, May 07, 2009

Интернет пенетрацијата во Македонија 44 проценти ...

Според податоците на internetworldstats.com Македонија е со високи 44 проценти интернет пенетрација пенетрација:

  • MK - 2,061,315 population - Country Area: 25,433 sq km

    spacerCapital city: Skopje - population 480,116 ('07)

    spacer906,979 users as of July/08, 44.0% penetration, per GfK.

    spacer100,500 Broadband Internet connections as of Sept/08, per ITU.

  • 906,979 интернет корисници од кои високи 100,500 Broadband Internet connections

Повеќе »

За зголемување на интернет пенетрацијата во Македонија најголема заслуга има зголемувањето на конкуренцијата во понудата на интернет конекција ... конечно во Македонија има бродбенд интернет конекција за само 500 денари, секако благодарејки на кабелските оператори ...

Дали ова треба да ја задоволи Македонија. Не. Македонија се исфали на времето дека е земја на информатичари и прва земја тотална поврзана со WiFi интернет ... дека секое село во Македонија има интернет ... дека сите школи имаат интернет ... Македонија сурфа би се рекло.

Незадоволството во овој момент го гледам во:

  • Премалкуте содржини на интернет кои се креирани од владини институции (Владата, Собранието, Министрествата и институциите да не ги редам ...)...
    - Институциите едвај да имаат сајтови а ако имаат нивните содржини се замрзнати - нема нови содржини. Особено нема содржини на англиски јазик.
    - Ова особено лошо се одразува во “Интернт војната за Македонија“ и МК идентитет каде граѓаните и НВО-ата се поактивни од државните институции...
    - Иституциите од областа на науката, историјата, археологијата се скоро неприсутни на интернт просторот ...
  • Слаб квалитет на интерет ...
    - Често пати конекцијата паѓа заради слабите ресурси на протокот на интернет (бендвидот ...)...
    - Македонија не успеа да најде интерес да изгради Интернет автопат ... Мрежа на поврзување со сите соседни земји каде би се зголемила брзината на протокот и размена на информациите ...
    - Македонија веќе неколку години има изградено таква оптичка мрежа која не ја користи ... а во нова не инвестира иако тоа е релативно мала инвестиција во одност на бенефитот ...
  • Треба да заборавиме на сите други видови на интернет ... треба да се развива и брои само бродбенд конекција ... тоа ти е како сите други да се возат со поршеа како стандард ... а ти сеуште велиш дека и со точак се стига од Скопје до Битола ...
  • Да заборавиме на скапи проекти каде само неколкумина партијски луѓе сурфаат од парите на граѓаните - а сето се користи за мегафонско рекламирање на владата ни ... случај со интернет клубовите низ градовите во МК ... и најновиот отварање на такви клубови во секое село ... тоа треба да бидат проекти на општините а не на владата ... особено затоа што тука се работи за WiFi која е под стандардите за добар квалитет ...
  • Да престанеме да се бориме за подобар интернте со нови и нови стратегии и бирократски хартии ... од нив корист имаат само поединци и бавната и огромна администрација ... Интернет ни треба сега и денес ... хартии има доволно ...
  • Да се помогнат проекти за поголема присатност на квалитетни содржини ... некој да ја полни Википедија на Македонски и особено Англиски ... тоа треба да се спонзорира и да биде редовна задача на Државните Универзитети ... а зошто не и Средните Школи ...
  • Да се помагаат поединци и НВО-секторот кој и до сега се докажа дека има добри и квалитетни содржини на интернет ...
  1. Интернет презентација на Македонија на англиски јазик ...
  2. Бродбенд интернетот во Македонија во експанзија ...
  3. Изградба на македонски интернет автопат
  4. Оптиката во МК и развојот на интернетот ... МК Интернет Автопат ...
  5. Интернет пенетрација во МК ... Користење интернет ...
  6. ИНТЕРНЕТ - Кога ќе имаме поевтин и подостапен ?
  7. Интернет пенетрација - табела 99-2007
  8. Оптиката во МК и развојот на интернетот ... МК Интернет Автопат ...
  9. „Зголемување на пенетрација на широкопојасен интернет во Македонија“
  10. Интернет пенетрација од 1999 до 2006 год според ИТУ
  11. Бродбенд / Интернет пристап

No comments:

Blog Archive

Site Meter