Search This Blog

Saturday, May 23, 2009

Клевета ... освета/одмазда/крвна одмазда ... за ушите на царот Тројан ... клеветење на интернет ...

Судовите се почесто почнаа да ги штитат политичарите од клевета. Најчесто до сега беа тужени новинари, за што новинарите изразија оштар протест дека на таков начин се замолчува вистината. Премиерот доби висока одштета за клеветата во судскиот процес против Фрчковски. Најновиот пресуден случај е Бендевска. Очекувам дека сега опозицијата ке бруи дека судската власт ја замолкнува опозицијата.

Повеќе »

Политичарите се повеќе почнаа да наликуваат на медиумските звезди кои живеат од својата популарност. Досега најчесто тужеа токму медиумските звезди од сверата на пејачите. Со се поголемото присаство на политичарите во тужбите за клевета - тие само докажуваат дека се однесуваат како медиумски звезди ...

Лошото од сето ова е што се создава пракса која веројатно ке им се освети - кога од сегашна позиција ке поминат во опозиција. Македонецот и воопшто балканецот е познат по освета/одмазда/крвна одмазда. И досега многупати јавно слушаме од сегашната опозиција дека ке со осветуваат во случај да дојдат на власт. Ние обичниот народ ова го посматраме од позиција на сеирџии, во стилот - е ако му е, многу се дигаше ... Криејки се позади тужбите за клевета - можно е да се случи никојпат да не дознаеме дека царот Тројан има козји уши ...

Иако форми на клевета се најприсатни на интернет, досега немало судски процес против изнесена клевета на интернет. Скоро сум сигурен дека нема многу да се изначекаме.

1 comment:

Anonymous said...

Klevetata batka nema nisto zaednicko so vistinata,pa zatoa i se sudi ....

Blog Archive

Site Meter