Search This Blog

Monday, May 25, 2009

Виргинска грамота на бугарскиот цар Константин Асен ...

Виргинскиот Манастир Св. Ѓорги Скоропостижник е важна карика на историјата на Скопје, особено за историјата на Старата скопска чаршија - бидејки на ливадата на Виргинскиот Манасир е всашност местото каде и ден денеска се организира главниот отворен пазар во Скопје - БитПазар.

Повеќе »

Во изворни документи каде се споменува постоењето на овој Манастир се споменуваат грамотите на бугарскиот Цар Константин Асен (1257-1277) ... и грамотите на српскиот Крал Стефан Урош II Милутин (1282—1321) ... Во овие документи се поменува дека свештените лица на Виргинскиот Манастир имаат исклучително право да наплатуваат пари за изнајмувањето на ливадата која во определени денови се претварала во пазар. Најпрвин еднаш годишно на славата на манастирот, но потоа поради потребата од трговија имало одредени денови за тргување вторник и петок ... Поради потребата каде да се чуваат артиклите со кои се тргува (особено во зимскиот период) трговците од Дубровник почнале да градат тврди градби - во турскиот период наречени анови ...

Можеби најважно за нас е према описите од грамотите да го лоцираме вистинското место на Виргинскиот Манастир Св. Ѓорги Скоропостижник т.е. "Св. Георги Бързи" край Скопие . Досега најприфатлива предпоставка е дека овој Манастир се наоѓал на брдото денес попознато како Саат Кула (поради најстарата саат кула на овој дел на балканот). Имено се верува дека СаатКулата најпрвин била поставена на една од кулите на Манастирот Св. Ѓорги Скоропостижник. Веднаш по доаѓањето на турците во Скопје, тие го рушат овој најголем Манастир во околината и на истото место ја градат Мустафа Пашината Џамија, која опстоува до денеска.

Деновиве наидов на интересен линк на БГ Википедија каде се зборува за Виргинска грамота на бугарскиот Цар Константин Асен (1257-1277) ... Во уводниот дел на текстот се вели дека оригиналот на грамотата се чува во Хилендар, како што е случај и со грамотата на српскиот Крал Стефан Урош II Милутин (1282—1321) ... На Виргинскиот Манастир му се додаваат терториите на триесетина околни села ... дека сите приходи од разни даноци треба да одат на конто на манастирот, манастирот имал голема автономија ... И самиот автор на текстот фрла мала сенка дека оваа грамота може да биде спорна т.е. можно е да е фалсификувана и поради лингвистички, но и поради историски причини ... Имено таа е пишувана со букви кои не се каракеристични за бугарското писмо ... но најголемата замерка е историска - познато е дека бугарскот Цар Константин Асен (1257-1277) никојпат не владеел со територијата на Скопје ...

Како и да е вреди да се прочита овој напис од БГ Википедија кој на крај го дава оригиналниот текст на Виргинска грамота на бугарскиот цар Константин Асен ...

1 comment:

Anonymous said...

Mosne dobro se znae deka poveketo od dzamiite vo Otomanskata Imperija se gradele na temelite na lokalnite hristijanski crkovni objekti,taka da izgradbata na t.n. Burmanli-dzamijata vo strogiot centar na gradov ke mine mnogu "trudno",da ne kazam nevozmozno.

Blog Archive

Site Meter