Search This Blog

Friday, May 15, 2009

Француски гробишта Скопје ... French Military Cemetery in Skopje ... фото и видео

Француски гробишта Скопје ... French Military Cemetery in Skopje ... фото и видео
1.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/61Small.jpg?t=1242385026

Во денот кога по подолго време наша висока делегација на чело со Премиерот Груевски е во официјална посета на Франција, дојде време да објавам фото и видео приказна за француските воени гробишта во Скопје. Култно место во кое многу генерации на скопјани во Мај организирано правеа излети. Самите воени гробишта одлично се оджуваат но околината долго време е запуштена. Ова го приметив и во еден мој постар напис Ѓубре на влезот на Француски гробишта - Скопје ... има ли надлежни ...

Повеќе » 

2.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/62Small.jpg?t=1242385133
3.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/63Small.jpg?t=1242385165
4.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/64Small.jpg?t=1242385189
5.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/65Small.jpg?t=1242385211
6.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/66Small.jpg?t=1242385231
7.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/67Small.jpg?t=1242385251
8.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/68Small.jpg?t=1242385280
9.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/69Small.jpg?t=1242385368
10.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/610Small.jpg?t=1242385386
11.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/611Small.jpg?t=1242385407

  • Во 1922 год. на француската влада и било дозволено да ги закопа своите паднати борци на земјиште кое се наоѓало кај тогашната коњичка касарна. Во 1923 год. со   одлука била одобрена и површина од 8-10000м2 во Топаана. Француските гробишта биле оградени со бодликава жица.
    http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/simages/31_9am.jpg
  • ФРАНЦУСКИ ГРОБИШТА - Скопје го чува споменот на паднатите за Франција ... Ристо Ќортошев - 11/8/2003 ... star.vest.com.mk ...
    - Кога поминувате по мостот Гоце Делчев во Скопје, можеби погледот ќе ви залута на север. Таму, над Спортско-рекреативниот центар Кале, на ридот ќе забележите бел споменик. Тој е лоциран на горниот крај на спомен-гробиштата на паднатите француски војници во Првата светска војна, на Солунскиот фронт. Тој простор кај народот е познат само како Француски гробишта.
    - Француските гробишта кои веќе имаат статус на културно-историски споменик. Теренот на кој се лоцирани некогаш била празна блага косина која гледа кон најстариот дел на градот, но погледот допира и до Скопска Црна Гора, на север. Кога француската држава се решила да ги пренесе останките на своите загинати на Солунскиот фронт и да им укаже достоен пиетет, просто е неверојатно како проектантот, или тим стручњаци, ја избрал најубавата локација, која, не само што одговара за соодветната намена, туку претставува постојан интерес за граѓаните, зашто оттука се отвора неповторлива глетка кон целиот корпус на градот, и посебно кон текот на Вардар, Стадионот и некогаш прочуениот градски парк. Овие природни условености, креаторите успешно ги искристиле за да се создаде еден своевиден монумент, кој на друго место, не верувам дека постои. Тие само го искористиле и ја дополниле природната композиција. Така објектот го распослале од едната - полегнатата страна - северната на теренот, па преку грбата до другата - јужната и мошне стрмна, која личи на рид. Каков природен контраст! Овој терен, француската држава го откупила и во 1926 година тука повторно се погребани останките на 2.930 војници. Меѓу нив има и од Мароко и Сенегал. Од овие 2.930 загинати, само 930 имаат име и презиме, толку биле идентификувани, додека другите две илјади се непознати. Гробовите на познатите се во редови по петнаесет и се поделени на две поголеми парцели. Меѓу нив е изградена алеја со ситнокаменеста патека. Во времето кога се изградени гробиштата, патот имал ендеци, па до влезот е изградено скалесто мовче. Влезот преставува висока двокрилна врата која ја држат столбови од делкан бигор - камен, кои носат арка од ковано железо на која е испишано, со метални цифри и букви (на француски јазик): 1914 - 1918 (горе), и под нив "Симетиер милитер франсез" (француски воени гробишта). Потоа следува зелена патека, широка колку и теренот, пресечена со куси скали по кои се доаѓа до естетски обликуван портал од бетон, на чија арка е запишано само "симетиер милитер франсез". Оттука започнува спомнатата алеја со зимзелени дрвја, која води до горниот крај на гробиштата и завршува пред сразмерно висок споменик чии уметнички и естетски вредности се забеелжителни.
    - Имено, монументот го сочинуваат цврсто четириаголно постолје со повеќе геометриски хоризонтали, кое потоа преминува во четиристолбен корпус со капители во духот на јонскиот стил со изразита елеганција. Тие четири столба на себе носат еден орнаментиран архитрав - четириаголен, а над него, во иста форма, го покрива капа која завршува пирамидно, а на врвот има урна од која излегува (вечен) оган. Значи, присутна е и симболиката. На овој централен споменик, на француски јазик е напишано: "А ла глоар де солдат франсе д'Арме д'Оријан" (Во слава на француските војници од источната армија). Но тоа не е се - лево и десно од овој споменик има по еден помал споменик (и двата се исто профилирани во вид четириаголна пирамида, како граничен столб). Во горниот дел е изобразен ловоров венец, а во средината, со латински букви монограмот - РФ - Република Франција. Подолу, на плочата стои 1914 - 1918, а под годините "Иси репоз де солдат франсез енкони морт пур ла Франс" (Тука почиваат непознатите француски војници, загинати за Франција). Тоа се две општи гробници. И централниот споменик, и спомениците на гробниците, имаат посебна бетонска ограда. Централниот има и бетонски клупи. Инаку, и од страните на гробовите на познатите, има исто така бетонски клупи. Треба да се одбележи дека проектантот гробните парцели така ги нивелирал, што се со мал наклон кон алејата за да може едновремено да се наводнуваат ружите кои, по една ги има на секој гроб. Целиот комплекс, и гробиштата и теренот на кој е изградена куќата на одржувачот - чуварот на гробиштата, се заштитени со бетонска ограда, не многу висока, и тоа претставува дел од Франција. Меѓу двата терена исто така има патека - бетонска, која просто плива во зеленило и цвеќе.
    - Некаде од шеесетите, по неа слободно минуваа граѓаните. Просторот на чуварот исто така е поделен на два дела; куќниот - долу, и над него мал расадник, кој исто така оддава впечаток на уредност. Посебно внимание им е посветено на крстовите. Тие се изработени - од профилирани шипки кои на фронтот некогаш служеле за врзување на бодликавата тел. На крстосницата е прикачена метална четвртеста плоча, со врвовите горе-долу, да преставува крст. На неа е излиено името и презимето на паднатиот, а површината на плочата е обоена со францускиот "триколор", но и "томб пур ла Франс" (паднал за Франција). Бидејќи има и војници со исламска вероисповест, кон крстот е додадена и мала полумесечина. Со ова не завршува целата замисла на проектантите или проектантот, на овој споменик. Тој не сакал да изгради обични гробишта. Напротив, сметал дека тоа би била архитекстонска и естетска недореченост. Теренот бил голем предизвик, и затоа на јужната страна - стрмната од кон Вардар, изградил великолепни скали на кои покрај функционалната, им додал и естетска содржина. Најпрвин е извршена нивелација на стрмината и израмнување на теренот по насока сообразна на гробниот комплекс. Потоа ги поделил на шест хоризонтални, мали тераси, односно патеки, и среде таквиот терен ги построил скалите. На секоја тераса се изградени одморалници со бетонски клупи од двете страни, а пред нив исто така - бетонска ограда. Првиот сегмент започнува веднаш зад централниот споменик и тие слегуваат до поширока патека, среде која, е изграден мал базен со водоскок (околу четири на два метри). Веднаш по него е влезот на скалите за надолу. Влезот всушност претставува еден вид мала тераса, со ограда, од каде се простира извонредна глетка кон новиот дел од градот и подалеку. Скалите слегуваат долу до ул. Лазар Личеноски во вид на две спирали на чиј крај биле монтирани врати од ковано железо и симболично, во дадено време, се затвориле.
    - Се заедно, гробиштата, скалите, просторот на чуварот, расадникот и паркот, во првите години по изградбата, па се до педесеттите години на минатиот век, беа омилено место за екскурзии (не е грешка), излети, па дури и за спортски манифестации, особено за децата и младината. И, не случајно француските конзули во Скопје пред војната тука го поминувале своето слободно време, покрај задолжителното присуство на двете големи дати: 14 јули - националниот празник на Република Франција и 11 ноември денот кога заврши Првата светска војна.
    - Никогаш беше комплимент да се каже дека си бил на излет на Француски гробишта, а денес, ако кажеш дека си бил, малку ќе се замислат за твојата психа. А зошто? Пред педесет години овој објект започна да се обезличува, да се напаѓа. Најпрвин убавиот - романтичниот парк постепено се претвори во деградиран пуст терен за кого награда е само носталгијата и сожалувањето, зашто е останато само по некое полусушено дрвце, а се друго било и е подложено на сеча! Од некогашните патеки и шеталиштето, одвај може да се забележи каде биле. Само бледи траги. Истовремено и скалите некои несовесни граѓани ги кршеа со токмаци, а особено клупите. Вратите се искорнати, останале само осовините со алките во бетонот. Како последица на ваквите постапки, а за да се заштити гробниот простор, односно тоа што претставува француска територија, над бетонската ограда, која беше само симболика за заштита на тој простор, е изградена висока мрежеста ограда која ја замени симболиката со вистинска заштита. Со ова и некогашната слободна патека меѓу чуварскиот и гробниот простор е затворена, па уживањето во разновидниот цветен мозаик е привилегија само на официјалните лица. Се е променето, само празнувањето во чест на спомнатите веќе празници.
    - Но, за волја на вистината, тука се одржува и една друга домашна манифестација, секоја година на последниот ден од празнувањето на Ѓурѓовден, на терените на паркот, без разлика на неговата состојба. Тогаш, ечат свирките и песните на скопските Роми од сите населби, а тие, облечени во своите разнобојни носии, капнуваат од игри и песни, придружени со богати софри. На тој ден на Француски гробишта е мошне живо, зашто освен празнувачите - Ромите доаѓаат и многу други граѓани и ја набљудуваат фештата која Ромите ја претовраат во спектакл и атракција
    .

    http://star.vest.com.mk/images/%7B47A4665B-1E3B-44A1-85DF-EF985D8D3A46%7D_spomenik-2.jpg
  • Скопјани оделе на Француските гробишта на излет ... star.vest.com.mk ... Теренот на кој се лоцирани некогаш бил празна ливада. Кога француската држава решила да ги пренесе останките на своите загинати војници од Солунскиот фронт, ја одбрала оваа убава локација, која одговарала како достојно место тие да бидат погребани. Француската држава го откупила просторот и тука се погребани 2.930 војници, од кои само 930 имаат име и презиме. ... ...  Француските гробишта во првите години по изградбата, па се до педесеттите години, биле омилено место за екскурзии, излети и за спортски манифестации. И француските конзули во Скопје тука го минувале слободното време. Во тоа време било привилегија да кажеш дека си бил на излет на Француските гробишта, бидејќи тие имале прекрасен парк, пешачки патеки покрај кои имало дрвореди и одличен поглед на Скопје.
  • Ѓубре на влезот на Француски гробишта ... има ли надлежни ...
  • „Паркови“ само на хартија чисти кај Француски гробишта ... .utrinski.com.mk
  • Франција ја има тапијата за локацијата на амбасадата на САД ... utrinski.com.mk ... ... Дел од тој простор, по балканските војни е отстапен на Франција за изградба на придружни објекти во близина на Француските гробишта. Но, наспроти ваквите информации, од Градскиот катастар велат дека парцелата број 4308 кај Француските гробишта е во сопственост на Македонија, а корисник е француската амбасадата. Овој простор на времето без надомест им бил отстапен на користење на Французите, кои сега доколку сакаат да го откупат ќе треба да и платат на државава. Од француската амбасада во Скопје, прашани дали се сопственици на просторот околу Француски гробишта, велат: "Никогаш не сме им го продале тој простор на Американците"
  • Најубавите рози - на гробовите на француските војници ... star.dnevnik.com.mk ... На секој од 930 гроба на француски војници што загинале на Солунскиот фронт од гарнизонот на Француската армија за време на Првата светска војна има по една роза. На крстовите се напишани нивните имиња. Во две посебни гробници се погребани 2.000 војници. За нив никој ништо не знае. Тие почиваат во можеби најубавите гробишта во земјава на ридот над Скопје. Веќе 14 години за уредувањето и за изгледот на Француските гробишта се грижи Васил Николоски. Тој со своето семејство живее на имотот на Француските гробишта и секојдневно е задолжен за цвеќињата и за безбедноста на гробиштата. ... ... Работата на градинар и чувар на гробиштата Васил ја наследил од својот вујко Вангел Куртевски, кој претходно 44 години се грижел за цвеќињата и тревниците во спомен-обележјето. ... ... Порано доаѓаа членови на семејствата на загинатите војници. Се сеќавам на посетите на родителите на еден од војниците. Но денес единствени посетители на гробовите се официјалните гости и случајните минувачи, кои влегуваат само да се воодушевуваат на убавите цвеќиња и градините. Особено многу посетители има во текот на пролетниот и летниот период, кога цвеќињата се расцветани и целиот комплекс претставува виножито од рози и гробиштата изгледаат величествено. Кога во посета на земјава доаѓа делегација од Франција, тие секогаш ги посетуваат гробиштата. Како празник на гробиштата се смета 11 ноември, денот на победата на сојузниците и крајот на Првата светска војна, кога во посета доаѓа делегација предводена од францускиот амбасадор.

 

No comments:

Blog Archive

Site Meter