Search This Blog

Wednesday, September 23, 2009

Тиквата некаде мора да пукне ... Не ја научивме лекцијата од османлиите ...

Позицијата има реален проблем. Има се помали легитимни мети врз кои ке го насочи гневот на народот за лошите состојби. Позицијата веќе трета година е на власт и тоа апсолутна. Осем директорите и главните места по административната скала (првиот ешалон на власта) сега почнува да ги менува луѓето во вториот и третиот ешалон (сетите се на наставниците на пример). Трошењето за плата за хонорарците е скоро колку и за редовно вработените. Редовното осем рамковното вработување е сведено скоро на нула.
Омилената мета за критика во лицето на Б.Ц. повторно се актуелизира - всушност правејки му рекалма на самиот Б.Ц. Критиката дека СДСМ нема програма сега се претвора дека програмата е лоша и препишана. Успесите на владините политики се потешко се рекламираат, најпрвин тие се се` помали и поретки, а буџетот и растот на БДП се во дефанзива. Фрлање на први лопати само им дава форшпан на противниците дека иако владата ги кастри таквите трошоци во буџетот безмилосно се фали дека ја започнува изградбата/преродбата.

Груевски ја прави грешката на Црвенковски - не прифаќа понудени оставки од морални причини и не ги чисти своите редови. Се сеќавам на Еленовски кој не понуди ни оставка, иако 11 луѓе погинаа во неразјаснет случај, а ја одби оставката на Јанакиевски, Министерот за транспорт и врски по истотака неразјаснето погинување на 15 овојпат странски државјани. Така дозволува болното ткиво во своите редови полека и постепено да метастазира, трпејки удари и врз својата популарност. Цврстиот став околу името не е сега така најцврст, играта трае иако моментално топката мирува поради изборите во Грција - но решение на проблемот овојпат се очекува исклучитолно од Груевски. Груевски би сакал да игра повторно на картата на нови избори - но највеќе се плаши од осипување на тврдото крило на членството на ВмроДпмне, од оние кои во првиот круг претседателски избори гласаа за Брат Љубе. Затоа добро му доаѓа расправата околу енциклопедијата, да ги зацврсти тврдите национални ставови, свесно или несвесно предизвикувајки реакција кај албанскиот дел од популацијата, врвејки по ивицата на доскора добрите меѓуетнички односи. Државниот грб е уште една мета каде со мала интервенција пробува да поентира ...

Ке заборавев, приметно е дека во кризата на буџетот се зголемуваат казните и пеналите кои се наплатуваат директно од народот. Груевски не научи ништо од петвековното турско ропство. Османлиите кога гледаа дека народот нема ни за себе ги олабавуваа ремените, арачот де - за да има од кого и идната година да зема ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter