Search This Blog

Tuesday, October 13, 2009

Каскаат МК содржини кои дигитално може да се најдат на интернет ...

Во последните неколу години Владата на РМ даде бајаги пари да воведе компјутеризација во државата, особено во школството и администрацијата. Владата перманентно се фали и со зголемување на бројот на нтернет корисниците. Но сето ова не го следи процес на соодветно бројни македонски содржини на интернет.               Повеќе ».....
Испуштени се неколку шанси кога Владата печатеше и препечатуваше бројни изданија од литературата - кои беа претворени во книги на метро, но не најдоа свое место во дигиталната МК библиотека. Еве и последниот случај со Македонската енциклопедија е огромна инвестиција на која работеле иљадници стручни лица платени од МК Влада кои ја создадоа МК енциклопедија. Целата енциклопедија досега ја видоа само 200 среќници. Од друга страна МК Википедија ја прават икс-ипсилон луѓе за без накнода, но секојдневно неа ја користат иљадници луѓе пребарувајки низ неа ...

Мк енциклопедија е идеална книга за на интернет - или што, ке ги криеме книгите по билиотеките и ке даваме по 200 евра за да прочитаме три реда од енциклопедијата кога тоа ке ни го притреба ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter