Search This Blog

Thursday, December 31, 2009

Мојот блог е мојата БлогВикипедија - Среќна нова 2010 година

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-6Small-1.jpg?t=1261143158 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-4Small-1.jpg?t=1261143525 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-8Small-1.jpg?t=1261143673 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-2Small-1.jpg?t=1261144119
Секогаш кога сакам да дознам малку повеќе за нештата/појавите/случувањата се впуштам во истражување по линковите понудени од пребарувачите. Од тој материјал и од она што до тогаш ми останало во главата за нештата/појавите/случувањата кои ги истражувам јас добивам представа/сознание. За да не мора повторно да истражувам за иста појава, тие истражувања со сите поважни линкови ги ставам на пост - за да ми се најдат во некоја друга прилика. Така всушност се ствара мојата БлогВикипедија, која е низа од линкувани настани, случки и појави кои ми биле предмет на мојот интерес во годината/годините од како сум го отворил блогот.             Повеќе ».....

Заради истата потреба и други луѓе кога истражуваат за иста појава, настан или случување преку пребарувачите ги пронаоѓаат моите постови и поради изобилството од линкови ги користат овие истражувања. Секоја година бројот на посетите на мојот блог е процентуално поголем од пребарувачите - во однос на оние кои промтно ги читаат моите постови. Тие се намалени и поради обичајот на луѓето да ги читаат работите на РСС.

Оваа година уште повеќе зајакна мојата желба на интернет да подигнам што повеќе квалитетна фотографија за убавите нешта во Македонија, од тука проислегоа неколку мини блог проекта на кои работам паралелно во одделни блогови:
  • Блогот Скопје, Свети и стари места ... е намески блог, всушност припрама за еден проект кој треба да оди на посебно ДВД со соодветна промотивна изложба на моите фотографии од Светите и старите места во Скопје и скопско ... за жал оваа година не го завршив, ми останаа најмалку десетина важни локации кои не ги одсликав.
  • Посебно сум горд на блогот Старо Нагоричане во кој говорам за случувањата во моето родно место, каде подигам и фото записи од местата и луѓето кои за мене имаат посебно значење ...
  • На блогот Куманово говорам за мое Куманово, онака како јас го гледам низ окото на мојот објектив и низ записи кои говорат за одделни места во Куманово - особено за Старо Куманово ...
  • Моја Македонија - фото записи е релативно нов блог проект, каде линкувам фотографии, фото сесии кои се наоѓаат на интернет а се однесуваат на Македонија како фото тема ... не жалам време за овој проект, бидејки сметам дека една фотографија говори повеќе од 1000 зборови
  • Photo Volan е мој најнов блог проект кој додека не направам сајт за мојата фотографија, ми служи како CV за мојата фотографија ...
Осем горниве блог проекти жалам што стопирав еден блог проект што се вика  Детски игри - се надевам дека во новата година ке се сетам повторно да се вратам на овој проект ... веројатно и Архео MK ке биде проект кој ке го надополнувам со посебен жар, поврзан со мојата љубов кон старите и светите места во Македонија.

На сите мои блог пријатели/читатели им ја честитам новата година и им посакувам пред се здравје среќа и радост - да блогираат онолку колку што имаат време за тоа, поведени од своите инспирации. Вистина блогери како да има се помалку бидејки се примети нивното осипување и преминување во новите социјални мрежи како Фејзбк и Твитер. Но блогот оддалеку не го поминал зенитот во Македонија, се чини во Македонија допрва ке дојде до израз вистинското место на блогосферата. Приметно е дека и големите медиуми се повеќе искажуваат интерес за тоа што се случува во МК блогосфера, се повеќе колумнисти излегуваат од блогерите, имаме повторно афирмирање на млади поети и книжевници и стотина нови блогови од разни свери на итерес на блогерите. Очекувам во оваа година да ни се приклучат во блогосферата уште неколку квалитетни пера од средната и старата генерација - за да го пополнат колоритот на мислење и на тие генерации.

Blog Archive

Site Meter