Search This Blog

Wednesday, December 02, 2009

Дали е патриотски ?!

Не кријам дека со Ден Дончев делам слични ставови во областа на економијата - ова е чинам втора колумна на која немам што да додадам. Ке ги поставам само прашањата кои во колумна ги поставува Ден Дончев - „Економски патриоти и предавници“, во кои всушност има сурови и поразителни констатации:                       Повеќе ».....

  • Дали е патриотизам да се зголеми вкупниот бруто-надворешен долг на Република Македонија за речиси една милијарда евра во последните три години? 
  • Дали е патриотизам да се дозволи зголемување на трговскиот дефицит на Република Македонија од 900 милиони евра пред три години, на рекордно високо ниво од 1,8 милијарди евра денес?
  • Дали е патриотизам да се потрошат 600 милиони евра од девизните резерви со цел да се покријат дупките во тековната сметка на Република Македонија?
  • Дали е патриотизам да се потрошат над 350 милиони евра во последните три години за увоз на струја, а притоа да се занемари енергетскиот потенцијал што постои во Македонија? 
  • Дали е патриотизам да дозволиме нето-дефицит од 250 милиони евра за увоз на земјоделски производи?
  • Дали е патриотизам да се ветува дека ќе се намали невработеноста, а денес, како и пред три години, стапката на невработеност и натаму останува 35 отсто?
  • Дали е патриотизам малите и средните претпријатија да не можат да дојдат до кредити од комерцијалните банки за обртен капитал?
  • Дали е патриотизам да се ветува инвестициски бум од осум милијарди евра пред само шест месеци, кога во 2009 година Република Македонија едвај ќе успее да привлече директни странски инвестиции од 100 милиони евра?
  • Какви патриоти можат да бидат сите оние што раководат со државата во услови кога 25 отсто од семејствата во Република Македонија живеат во сиромаштија, според дефиницијата на Светска банка
Прашања кои поразително говорат за вистинскиот патриотизам во мирнодопски услови, за кој авторот на колумната ке рече: „Во време на мир најголемиот патриотски чин што може да биде направен, од аспект на оние што раководат со државата, е да го подобрат стандардот и квалитетот на живеење на сите граѓани во државата.“

No comments:

Blog Archive

Site Meter