Search This Blog

Monday, December 07, 2009

Македонската блогосфера - политички и социолошки трендови


Клик на сликата да го одгледате видеото.
Ја следев денешната емисијата на А2 “Студио 2 во 20“ каде гости на Чомовски му беа блогерите Кире Василев (не ну го знам блогот) и Ирена Цветковиќ - во блогерството попозната како Фемгерила. Еве линк од емисијата. Тема беше нивното истражување Македонската блогосфера - политички и социолошки трендови“.         Повеќе ».....

Пробав да го пронајдам ова истражување на интернет, мислејки ако го правеле блогери веќе сигурно го има некаде. Но и покрај моите вештини во пребарувањето не успеав да го најдам. Велат било педесетина страници.

Осем гостите на Чом Кире Василев и Ирена Цветковиќ, во истражувањето биле вклучени уште и Александар Ковачевски и Александар Митров (не сум сигурен дека се блогери). Веројатно сево ова беше резултат и од една анкета која беше пуштана меѓу блогерите пред некои шест месеци. Е да, побарав можен линк од истражувањето на сајтот на нарачателот на истражувањето фондацијата Фридрих Еберт. Погодувате и таму нема линк од истражувањето. Истражувајки што ги поврзува имињата кои го правеле истражувањето интернетот ме одведе до Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“.

Би сакал да го видам истражувањето ако имате линк од него пуштите ми го во коментар.

No comments:

Blog Archive

Site Meter