Search This Blog

Friday, December 18, 2009

ЗА БУЏЕТОТ НА РМ - во интервјуто на Премиерот кај Јанко Илковски во емисијата Јади Бурек ... “Диригиран Државен Социјализам“


На постов ке се осврнам за кажаното во интервјуто на Премиерот кај Јанко Илковски во емисијата Јади Бурек а се однесува на Буџетот на РМ, кој во последните неколку години е неколкукратно зголемен, кој се претвори во најголем производител на растот на МК БДП, кој стана најголем вработувач во МК економија, преку кој се подржуваат бизнисите во Македонија, каде десничарска Влада на ВмроДпмне спроведува процес на нов период на “Диригиран Државен Социјализам“, систем кој предходеше на Самоуправниот Социјализам ...          Повеќе ».....

Најнапред да видиме што се се кажа во интервјуто а се однесува на Буџетот на РМ:

- Зошто толку обемен буџет, можевме ли да направиме да го растеретиме стопанството? Одговорот на Премиерот накратко беше во потенцирањето дека ние сме држава која што спаѓа во групата на ниско задолжени држави. Нашиот надворешен долг е некаде околу 27 посто од БДП ... а буџетот е реално скроен и е со избалансирани позици за што е пофален од ММФ. ... ...

*** Неколку пати до сега во моите постови пишував дека буџетот досега е многу кратно зголемен и дека преку ваков голем буѓет кој е најголем двигател на растот на БДП – то кога тогаш ке дојде до распад на малото и големото стопанство, а преку правење на голем буџет се цеди македонскиот претприемач и граѓанин. Преку огромниот буџет имаме процес на диригиран државен капитализамЕве некои од тие постови:

-  БУЏЕТ НА МКД ..., каде преку оваа ангажирана фотографија, се обидував да сугерирам дека МК има преголем буџет кој не можат да го издржат МК граѓани и стопанство и дека под терет на преголемиот буџет ке пукне тенкиот мраз над кој одат граѓаните и како последица од големиот терет на буѓетот  - граѓаните ке се испоудават во ладната вода ...

-  Должен си ко Грчка ... Дали Македонија станува земја со преголемо задолжување ?!, каде напишав: да се запрашаме дали Македонија стана презадолжена земја (дефицит на Република Македонија од 900 милиони евра пред три години, е на рекордно високо ниво од 1,8 милијарди евра денес ...)и ако е така - како да го решиме нашиот проблем. Ако ги погледаме нашите економски параметри и остварувањето на нашиот буџет (сите последни ребаланси одат кон намалување на приходните и расходните страни на нашиот буџет, со проектиран релативно висок буџетски дефицит кој се пегла со планирани позајмици и кредити) веројатно ке констатираме дека се движиме во сигурна насока на презадолженост и сме во немирните води на преголем трговски дефицит, кој досега се пегла со мистериозните високи дознаки од нашите изеленици од странство, кои на годишно ниво во последните години се движат и до милијарда долари. ... во постот сугерирав итно намалување на администрацијата и пружање на чергата колку што ни се долги буџетските нозе ...

-  Како да се состави домашниот буџет ..., во постот укажав дека домашниот буџет неможе да го издржи теретот на трошоците за живот и зголемувањето на цените на основните животни продукти ... СИРОМАШТИЈАТА РАСТЕ, НАРОДОТ ШТЕДИ НА ХРАНА - Македонците на леб и компир ... Вест. Всушност сугерирав да се намали теретот од државниот буџет за да преживее народот во кризниов период ...

- Странски инвестиции суфинансирани од МК буџет ... дали ова не е противуставна практика ... "Џонсон Контролс“ ..., во постот се запрашувам дали суфинансирањето на странските инвестиции е оправдано, кога тоа носи многу малку нови вработувања, а можноста ја имаат само странските инвеститори - домашните се обесправени, што е и противуставно заради нерамноправниот статус ...

- Буџет 2009-та ... без промена и покрај ветувањето од 330 мил. евра помош за Реалниот сектор ... “диригиран државен капитализам“, во постот ги критикувам антикризните мерки на Владата и посочувам дека ако помошта за реалниот сектор не се гледа во буџетот како одливна ставка, тогаш помошта е всушност фиктивна - т.е. реално не постои ... Вака графички го упростил буџетот за 2009-та година - Panta Rei ... значи инвестициите во делот на буџетот се нешто околу 20 % од буѓетот, сето останато се плати за државната администрација ... има и констатација дека власта ни крои таканаречен “Диригиран државен капитализам“ ... каде носители на развојот е самата Влада преку огромниот буџет и семоќната државна партијска администрација ...

-  Ламја буџет за 2009-та ... и во 2009-та ке се задолжуваме за пеглање на се` поголемиот дефицит ..., И во 2009-та година ке имаме повторно зголемување на буџетот ... паралелно со зголемување на дефицитот, кој ке се покрива со задолжување ... буџетот Владата го проектира како рестриктивен и развоен ... со предвидувања на нова администрација (наместо кастрење ...)... покачување на 10 одсто на платите на администрацијата и пензионерите ... пред локалните избори значително се финасираат патишта и водоводи по општините - со што владата директно се вмешува во локалните избори ...

-  И би вториот ребаланс за годинава (кратење на буџетот) ..., Оптимизмот на владата не стивнува ни по второто кратење на огромниот буџет за оваа година, овојпат на владина седница помина крататењето на нови осумдесетина милиони евра наменети за ...

Буџетот е за да се троши ... шминкерска изјава на Груевски ... ке се случи ли економско чудо ...,  Буџетот е за да се троши ... затоа се собираат парите во буџетот за да потоа плански на база на одлука на Собранието се потрошат ... Ние тоа и го правиме трошојки го буџетот ги исполнуваме ветувањата који партијата ги дава во предизборието ... мојот коментар на изјавата беше дека изјавата е прелесно дадена заради - Краткорочно Владата за да го одржи најголемиот буџет досега се задолжува кај домашните банки - т.е. ги троши денарските заштеди на граѓаните ... автоматски вршејки упад во монетарната политика ... Од друга страна тврдоглаво опстојува на зацртаниот буџет кој е на стаклени нозе во импутната страна ... Економијата веќе не може да го полни зацртаниот буџет ... извозот опаѓа ... се зголемува невработеноста ... по некој ден каснат платите и пензиите ... бројките за БДП се кријат ... странски инвестиции ни за лек ... млекарите наголемо ги продаваат кравите за да преживуваат месечно ...

Буџетот и изборите ..., тука се осврнувам на трошењето на буџетот во време на избори за проекти преку кои се добива глас на народот ...

Донирање ... извитоперени вредности ..., во постот се занимавам со критиката дека Владата често настапува со изјавата владата донираше - владата не може да донира со народни пари од буџетот, нејзе тоа и е обврска ни може да биде донација - збор кој се употребува за билдање на рејтинзи ...

Хрватска ги замрзнува сите плати во 2009 - та ... Дали Груевски ке го копира ..., во постот само го наговестив она што се случи и кај нас но бидејки бевме во изборна кампања Владата не сакаше да изговори дека во кризата ке ги замрзнува платите, имено се донесе буџет каде се придвидуваше раст на платите иако реално веќе бевме во кризата ...

Цената на нереагирањето ќе биде многу поголема отколку трошокот за каква било акција ..., во постот ја критикувам Владата дека ако не реагира навреме на кризата со реални пари и намалување на трошоците и буџетот, тоа покасно ке го платиме со повеќе пари со пари од кредитни линии со високи камати ...

Трговскиот дефицит за 2008-ма - во минус за скоро 3 милијарди долари ..., Во услови на најголем буџет досега, ова е дамлаков меч за девизниот курс на динарот ... досега ова се сервисираше/ублажуваше со големиот нето девизен прилив од дознаки на граѓани кои достигнаа и до милијарда долари (на годишно ниво) во минатите години ... но во последно време имаме тренд на опаѓање на овој прилив ... остатокот делумно се ублажуваше со дознаките од странските инвестиции и девизните кредити ...

Пирамидално државно задолжување ?, Државата деновиве повторно се задолжи кај домашните банки и компании за цирка 40 милиони евра - од кои 2 милиона за да врати поранешни слични кредити. По некои проценки ваквите задолжувања се движат околу 200 милиони евра. ...

Македонија е преплавена со бизнис осека и плима на подржавување на бизнисите ..., сме во период на товарење на своето магаре за сметка на туѓото/народното ... дека имаме период кога десничарска влада применува мерки на левата идеологија во процес на енормно зголемување на буџет, каде одумира приватниот сектор, претприемништвото и бизнисот. ...

Рецесија - Депресија - Социјална криза ..., тука посочувам како течат последиците од нереалните буџетски политики ...

Зошто Славевски мораше да си оди ... Кој ни го ова направи ?!, и Славевски бараше штедење и намалување на буџетот - но веројатно заради такви изјави мораше да си оди од Владата на РМ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter