Search This Blog

Friday, December 25, 2009

Весела математика со статистиката на вработеноста

Во екот на најголемата криза во која во цел свет се зголемуваше невработеноста, Власта на РМ магионичарски ја намали стапката на невработеноста т.е. ја зголеми вработеноста. Може ли ваква обланда да помине кај народот? Илузионистот Коперфилд може вода да им носи на нашите илузионисти од Државниот завод за статистика. Рецептот за бројките е ветојатно побаран од Амди, џабе не е коалиција. Следната веслела математика на ДЗС веројатно е дека имаме пораст на стандардот и намалување на сиромаштијата, зголемување на потрошувачката кошничка - како директна последица на намалување на стапката на невработеноста. Се поголемата гужва кај контејнерите била илузија во маглата на опозицијата, која гледа невработени и сиромаштија, заслепени од резултатите на оваа Власт.         Повеќе ».....

  • Според последните официјални статистички податоци, невработеноста во Македонија падна на најниско ниво од 2002 година, на 31,7 отсто од работоспособното население
  • Бројот на вработени во третиот квартал од 2009 година бележи пораст од 3,7% во однос на истиот период од претходната година
  • Според податоците на Државниот завод за статистика, во III квартал од 2009 година активното население во Република Македонија брои 940 661 лице од кои вработени се 642 541 лице или 68.3%, а 298 120 лица или 31.7% се невработени лица. 
  • Бројот на вработените лица во III квартал од 2009 година спореден со истиот период од минатата година е зголемен за 3.7%.
  • Во однос на истиот период од 2008 година, бројот на невработените лица бележи намалување од 2.3%.
  • Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност 39.2, додека стапката на невработеност изнесува 31.7.

No comments:

Blog Archive

Site Meter