Search This Blog

Saturday, January 23, 2010

Фирмарина блокира 20.000 мали фирми

Градот Скопје блокира 20.000 мали фирми за присилно да наплати давачка која популарно се вика фирмарина. Ич око на никого не му трепнува за ова. Оние што прибираат давачки не се должни да мислат дали фирмите имаат пари да платат годишна давачка за истакнување на фирма. Јал не јал мора да платиш. Имал приход немал приход мора да платиш.         Повеќе ».....

Фирмарината е една од јавните давачки која не е данок но имаш годишна обврска да ја платиш. Слични такви давачки има уште десетина - кои заедно представуваат голема сума за мала фамилијарна фирма на која не и оди бизнисот. Затоа луѓето и не ги плаќаат по цена на нивната блокада.

Еве уште неколку давачки кои кага ке ги собереш се многу и мала фирма неможе да ги издржи:
  • Радио телевизиската такса - која истотака се наплатува присилно
  • Данок на имот на деловниот простор во кој се извршува стопанска дејност.
  • Данок на вкупниот промет (данок на добивка) во висина од 1,5 отсто на претпријатија кои имаат вкупен промет под три милиони денари, без разлика дали оствариле добивка.
  • Давачка за банков извештај.
  • Обавезен годишен преглед на сите вработени.
  • Разниу лиценци - зависно од дејноста.
  • Давачки и такси при вадење на многуте потврди/документи кои ти се потребни за твојата работа, особено во Централен регистар и давачки за нотарски работи.
Постови со слична тематика:

No comments:

Blog Archive

Site Meter